Фреквенциска модулација
Фреквенциска модулација[1][2][3][4]) – вид на аголна модулација при која носечката фреквенција се менува пропорционално на сигналот на корисната информација. Амплитудата на носечката фреквенција е константна. Со амплитудната и фазната модулација, претставува една од трите основни видови модулации.
Ако сигналот на информацијата е аналоген сигнал (глас, музика), носечката фреквенција ќе се менува континуално во одреден фреквенциски опсег. Ако сигналот на информација е дигитален сигнал, носечката фреквенција може да има две или повеќе дискретни вредности. Во наједноставниот облик, бинарната дигитална фреквенциска модулација, фреквенцијата се одржува на една вредност за дигиталната нула, а на друга за единицата.
Фреквенциска или фазна модулација?Уреди
Фреквенциската и фазна модулацијафазната модулација се многу слични, не е можно да се менува фазата без промена на фреквенцијата и обратно. Ги разликуваме само по тоа која особина на носителот директно се менува. Ако директно се менува фреквенцијата, а индиректно фазата, станува збор за фреквенциска модулација. Ако директно се менува фазата, а индиректно фреквенцијата, станува збор за фазна модулација.
ПрименаУреди
Комерцијалните радиостаници во опсегот на ултракратките бранови (УКБ) ја користат фреквенциската модулација. Исто така се користи и за пренос на звук во безжичниот телевизискиот систем, и многу други жични и безжични комуникациски системи.
Предност на фреквенциската над амплитудната модулација во радиокомуникациите е поголемата отпорност на пречки, а мана ѝ е поширокиот ширина на фреквенциски опсег.
Можни облици на модулацијаУреди
Да го разгледаме математичкиот израз за синусоидален бран:
v = Vp sin (2πft+θ) или
v = Vp sin (ωt+θ)
каде
- v = е моментална вредност на синусоидалниот напон
- Vp = е врвна вредност на синусоидалниот напон
- f = е фреквенција (Hz)
- ω = 2πf = е аголна брзина
- t = е време (s)
- ωt = 2πft = е агол во радијани
- θ = е фазен агол
Од изразот може да се види дека постојат три начини на модулација во зависност од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудната, фреквенциската и фазната модулација.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Принципи телекомуникација, Мирослав Л. Дукић, Академска мисао, Београд. Фреквенциска модулација
- ↑ Основи телекомуникација: зборник решених проблема, Зорка Д. Стојановић, Мирослав Л. Дукић, Зоран Р. Петровић, Зоран С. Добросављевић, Наука, Београд.Фреквенциска модулација
- ↑ Основи електронике, Радио-предајници и радио-пријемници, Државни секретаријат за народну одбрану, Београд, (1967). стр. 176.
- ↑ Војна енциклопедија, Седми том, 1974, Београд: Војноиздавачки завод. стр. 649.
ЛитератураУреди
- Tomasi, Wayne (2001). Electronic Communication Systems, Fundamentals Through Advanced (изд. 4th.). Prentice Hall. ISBN 978-0-13-022125-4.
Надворешни врскиУреди
„Фреквенциска модулација“ на Ризницата ? |