Франц Конрад фон Хецендорф

Франц Конрад фон Хецендорф бил австроунгарски генерал и началник на генералштабот на австроунгарската војска на почеток на Првата светска војна .

Франц Конрад фон Хецендорф
1915 портрет, Виена
ПрекариБарон Фон Дорф
Роден11 ноември 1852(1852-11-11)
Виена, Австрија
Починал25 август 1925(1925-08-25) (возр. 72)
Маргентхејм,
Држава Австроунгарија
РодАвстроунгарска армија
Служба1871–1918
ЧинФелд Маршал
Битки/војниПрва светска војна

Животопис уреди

Роден е во предградието на Виена на 11 ноември 1852 година во семекство на пензионираниот генерал кој потекнувал од Моравска. Његовиот прадеда се стекнал со благородничка титула, па според тогашните обичаи тој станал војник многу млад, а имал и можност за брзо напредување во хијарархијара. Началник на генералштабот на австроунгарската војска станал во 1906 година. Бил познат по постојано заложување за модернизација на оружените сили на Австроунгарија. Верувал дека судирот помеѓу германската и словенската цивилизација е неизбежен. Се спротивставувал на Унгарската елита во заедничката држава, бил наклонет на Германија и се заложувал за слабење на Унгарското влијание. Бил загрижен и поради италијанските амбиции на Балканот.

Сепак, неговата најголема желба била превентивна војна против Србија, за да се намали закана за која тој верувал дека постои. Војна против Србија првпат ја предложил во 1906 година, па потоа во 1908, па во 1909, како и во октомври 1913, и во мај 1914 година. Забележано е дека во тек на 1913 година, дваесет пати предложил војна против Србија.

Прва светска војна уреди

Бил еден од главни заговарачи на војна против Србија по убиство на престолонаследникот Франц Фердинанд. Хецендорф предлагал нереални и грандиозни планови, не обрнувајќи внимание на терен, време и можности. Српската војска се покажала многу поефикасна од она што тој предвидувал.

Његовите први офанзиви против Италија исто така биле лошо водени и се завршувале со големи човечки загуби. Во првата воена година, неговите погрешки скапо ја чимеле австроунгарската војска.

Најкатастрофалнииот пораз го доживеал во тек на Брусиловата офанзива, кога австроунгарската војска имала над 1,5 милион загуби. Потоа австроунгарската војска не можела да дејствува без да се потпира на германските сили.

Постои и спротивно мислење на британскиот историчар Сирил Фолс кој тврдел дека Хецендорф бил најдобар стратег и дека германските генерали ги исползувале неговите планови.

Кон крајот на 1917 година, неговиот цар Карл го сменил од место началникот на генералштабит. Во 1918 година добил титула гроф. Починал на 25 август 1925 година во Пенцинг, предградието на Виена.

Наводи уреди