Формоса (покраина)

(Пренасочено од Формоза (покраина))

Формозa (шпански: Formosа) е покраина во северноисточниот дел на Аргентинаи е дел од регионот Гран Чако. Има допирна точка со Асунсион, главниот град на Парагвај и граничи со покраините Чако и Салта. Административен центар е Формоза. Оваа е една од најсиромашните покраини во Аргентина.

Формоза
Flag of Formosa.png
Главен град Формоза
Површина 72,066 km²
Население 486,559 (2001)
Густина 6,75/km²
Гувернер Д-р Гилдо Инсфран
Демоним Формозиец (Formoseño)
ISO 3166-2 AR-P
Provincia de Formosa, Argentina.png

географија и климаУреди

Сместена е помеѓу реките Бермехо и Пилкомајо, таа има многу поволна, влажна и топла клима. Просечната температура е 21 °C, а во летото достига и до 45 °C

Суптропскиот ветер од исток носи 1000 мм врнежи годишно, додека во другиот сув дел е околу 80 мм.

СтопанствоУреди

Како слабо индустријализирана покраина, стопанството се заснова на одгледувањето на крупен добиток и на полјоделството.

Има преку 1 милион грла добиток.

Памукот е со годишно производство од 100.000 тони беше карактеристичен за 1970-те, но по економската криза во 2001, истиот падна на 50.000 тони.

Сојата е со годишно производство од 25.000 тони и пченката со 55.000 тони.

Друго; мед (273 т) и деривати, дрвена граѓа (140.000 т) и текстилна ндустрија (памук, кожа).

Административна поделбаУреди

Покраината е поделена на 9 департмани (со нивните административни центри):

  1. Бермехо (Лагуна Јема)
  2. Формоза (Формоза) - најнаселен (40,04% од населението)
  3. Лаиши (Сан франциско де Лаиши)
  4. Матакос (Инхениеро Хуанез)
  5. Патињо (Команданте Фонтана)
  6. Пилагас (Еспинилјо)
  7. Пилкомајо (Клоринда)
  8. Пиране (Пиране)
  9. Рамон Листа (Генерал Енрике Москони)

Потекло на иметоУреди

Името на градот и покраината доаѓа од архаичниот шпански fermosa (денешно hermosa) што значи „убава“. Името Vuelta Fermosa или Vuelta la Formosa го користеле шпанските морнари во текот на 16 век за да ја опишат областа каде реката Парагвај поминува сега кај градот. Морнарите ја барале легендарната Сиера дел Плата.[1]

НаводиУреди

  1. Ресења Архивирано на 28 мај 2007 г. (шпански)

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди