Застава 750

(Пренасочено од Фиќо)

Застава 750 (популарно наречен Фиќо) е автомобилски модел на производителот за автомобили Застава од Крагуевац. Автомобилот почнал да се произведува во 1955 како верзија на Фиат 600 под лиценца. Се произведувал до ноември 1985. Застава 750 има мотор со работна зафатнина од 767 см³ и со тоа е најмалиот автомобил од оваа марка. Кон средината на 70-тите излегува и моделот Застава 850, ист како и претходниот, само со поголема кубикажа. Моторот бил позајмен од Фиат 850.

Застава 750 од 1965 г.
Реклама за Застава 750

Првиот модел се нарекувал Застава 750M, кој впрочем бил Фиат 600E, со нов мотор од 795 cm³, термостат и затворен систем на ладење. После тоа доаѓа моделот 750S, со променет интериер, нов брзиномер и волан кои се преземени од Фиат 126 „Пегла“. Застава 750 S (Специјал) продолжува да се произведува со подобрен мотор од 22 kW, што овозможувал максимална брзина од 120 км/ч. Во тоа време, па и сега, мотор со зафатнина од нешто повеќе од 0,7 литри е прилично достоен перфроманс. Во 1980 година на белградскиот автомобилски саем, претставен е моделот Застава 850, кој во основа е истиот 750S, но со мотор од 843 cm³ и 23,4 kW преземен од Фиат 850. Моделот 850 има максимална брзина 125 км/ч. Од тогаш почнува производството на следните верзии 750L/850L - 750LE/850LE - 750SC/850SC.

Овој автомобил сѐ уште се вози низ просторите на поранешна Југославија.

Впечаток уреди

„Фиќото“ било пресудно за широката моторизација на Југославија. Овој автомобил бил во составот на полицијата, итната медицинска помош, војската и сите останати институции. Долго време служело и за обука на новите возачи. Бил познат и како мал потрошувач на гориво од 4 до 6 литри на 100 км, со што го правел привлечен во нафтените кризи од 70-тите години, како и во последните години кога забележуваме вртоглав пораст на цената на суровата нафта.

Фиќото во популарната култура уреди

Фиќото како автомобил има голем дел од популарната култура во екс-Југославија. Биле направени многу песни, шеги и филмови направени во негова чест.

Основата на мото трките во поранешна Југославија (ридско-брзинските како и кружните трки) ја сочинувала т.н. "национална класа". На таа тема е снимен истоимен филм во 1979 година, а главната улога на Бранимир Митровиќ - Флојд ја игра Драган Николиќ. Истиот филм го следи популарна музика во изведба на Дадо Топиќ, Саѓана Милошевиќ, Оливер Драгојевиќ, Оливер Мандиќ, Лабораторија Звука итн.

Во последните години, имиџот на Фиќото се променува. Станува сѐ по привлечен за младите автомобилски ентузијасти. Често моторите на Фиќовците се т.н „фризирани“ од нивните сопственици, реставрирани и стануваат дел од модерната култура како класичен автомобил, сакан од стари и млади. Деновите на потсмев на Фиќото веќе се минато.

Според автомобилските критичари, на Фиќото, како и на останатите модели на Застава, како што се Zastava 1300/1500, Zastava 101/128, Zastava Yugo, им престои светла иднина во однос на интересот што го проникнува кај младите луѓе.

Варијанти уреди

Надворешни врски уреди