Република Фиренца
Република Фиренца (латински: Respublica Florentina, италијански: Repubblica fiorentina) — независна република во Северна Италија која постоела во периодот 1115-1185 и 1197-1532 година. Републиката била основана како независна комуна во градот Фиренца, но наскоро се зацврстила во поголемиот дел од северна и централна Тоскана и започнала да ума една од најважните улоги во политичкиот систем во Италија. Република Фиренца создала сложен систем на управување заснован на неузурпација на власта од едно лице и вклучување на граѓаните во формирањето на државните органи.
Република Фиренца Repubblica Fiorentina
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1115–1532 | |||||||||
Главен град | Фиренца 43°47′N 11°15′E / 43.783° СГШ; 11.250° ИГД | ||||||||
Говорени јазици | тоскански, италијански и латински | ||||||||
Вероисповед | Римокатоличка црква | ||||||||
Уредување | Олигархиска република | ||||||||
Gonfaloniere of Justice | |||||||||
• 1293–1295 | Џано дела Бела (прв) | ||||||||
• 1530–1532 | Алесандро Медичи (последен) | ||||||||
Подеста | |||||||||
• 1193–1194 | Џерардо Капонсаки (прв) | ||||||||
• 1502 | Винченцо Нобили (последен) | ||||||||
Legislature | Priorato delle Arti | ||||||||
Фирентинско еснафство | |||||||||
Фирентинско еснафство | |||||||||
Историја | |||||||||
• Прво основање | 1115 | ||||||||
1185–97 | |||||||||
• Чомпи | 1378 | ||||||||
1434 | |||||||||
• Соборување на Пјеро II ди Лоренцо де Медичи | 1494 | ||||||||
• Прогласена за наследно војводство од папата. | 1532 | ||||||||
Валута | Флорин (1252–1533) | ||||||||
| |||||||||
Денес дел од | Италија |
Во 13-14 век економскиот развој на Фиренца и донела да стане една од најјразвиените земји не само во Италија, туку и во Европа. Во Фиренца најпрвин се родило мануфактурното производство и започнале социјалните конфликти меѓу наемните работници и работодавачите. Во 1434 година во Фиренца на власт се утврдила династија Медичи, во кој период државата се трансформирала. Во 14 век Фиренца станала водечки центар на италијанската ренесанса, во кој твореле Данте Алигиери, Франческо Петрарка, Џовани Бокачо, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Николо Макијавели и многу други.