Финоскандија

Финоскандија или Феноскандија[1] (фински: Fennoskandia; шведски: Fennoskandien; норвешки: Fennoskandia; руски: Фенноскандия) — географски поим што дефинира дел од нордискиот регион опфатен од Скандинавија, Финска, Руската Република Карелија и Мурманската Област со целиот полуостров Кола[2] како и делови од Ленинградската Област. Овој поим најчесто се користи за вклучување на Финска во во регион со Норвешка и Шведска. Поимот првпат бил употребен во 1898 година од финскиот геолог Вилхелм Ремзи,[3] а името потекнува од латинските зборови (Финска) и (Скандинавија).[4] Во тоа време, Финска била дел од Руското Царство, па затоа често била географски вклучена во Источна Европа. Помеѓу двете светски војни, ориентацијата на владата во Хелсинки била да бара дистанца и од Москва и од Стокхолм, така што земјата се самоопределила како дел од Средна Европа заедно со балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија. По Втората светска војна и советската анексија на балтичките држави, терминот Финоскандија повторно станал популарен, бидејќи Финска тогаш сакала да се гледа како дел од Северна Европа.

Карта на Финоскандија

НаводиУреди

  1. Hrvatska encikolpedija-Fenoskandija
  2. The Oxford Handbook of the Archaeology and Anthropology of Hunter-Gatherers, eds. Vicki Cummings; Peter Jordan; Marek Zvelebil (Oxfored; New York: Oxford University Press) (2014). стр. 838.
  3. De Geer, Sten (1928). „Das geologische Fennoskandia und das geographische Baltoskandia“ (PDF). Geografiska Annaler (немачки). Swedish Society for Anthropology and Geography. 10: 119–139. OCLC 604361828. Посетено на 22. 4. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Fennoscandia [fen′ō skan′dē ə]“. Your Dictionary. LoveToKnow, Corp. Посетено на 20. 4. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

ЛитератураУреди

  • Ramsay, W., 1898. Über die Geologische Entwicklung der Halbinsel Kola in der Quartärzeit. Fennia 16 (1), 151 p.

Надворешни врскиУреди