Фимбулски Леден Гребен
Фимбулски Леден Гребен (норвешки: Fimbulisen) — леден гребен на Брегот на Принцезата Марта на Антарктикот. Има димензии од 200 × 100 км, и се напојува од ледникот Јутулстраумен, на границата со брегот на Земјата на Кралицата Мод, од 3° ЗГД до 3° ИГД.
Бил снимен со воздушна фотографија за време на Третата германска антарктичка експедиција (1938–1939), а картиран од норвешки картографи од земјомери и воздушни снимки на Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (1949–1952) како и од воздушна фотографија на Норвешката експедиција (1958–1959).
Наречен е Фимбулисен, што значи „џиновски мраз“ на старонордиски.[1]
ПоврзаноУреди
ИзвориУреди
Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Фимбулски Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)
НаводиУреди
- ↑ „Fimbul Ice Shelf“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 22 март 2012. (англиски)
Надворешни врскиУреди
- Фимбулски Леден Гребен — од горе до долу (англиски)