Филип Џонсон
Филип Кортелју Џонсон (8 јули 1906 - 25 јануари 2005 година) — американски архитект, најпознат по своите дела на Модерната архитектура, вклучувајќи ја и Стаклената куќа во Њу Ханан, и неговите дела од постмодерната архитектура, особено Сони-билдинг во Њујорк и Банк-билдинг во Чикаго. Во 1978 година, тој бил награден од Американскиот Институт за архитекти со златен медал и во 1979 година добил Прицкерова награда.
Филип Џонсон | |
---|---|
Филип Џонсон на 95 години | |
Роден(а) | Филип Кортелју Џонсон јули 8, 1906 Кливленд, САД |
Починал(а) | јануари 25, 2005 Њу Ханан, САД | (возр. 98)
Националност | Американец |
Установа | Харвардски факултет за дизајн |
Награди | Прицкерова награда (1979) АИА Златен Медал (1978) |
Зданија | Стаклена куќа, Сони-билдинг, Банк-билдинг , Кристална катедрала |
По дипломирањето во 1930 година, Филип Џонсон станал првиот директор на Одделот за архитектура при Музејот на модерната уметност во Њујорк (1932-1934 и 1945-1954). Тој го измислил терминот Меѓународен стил и ја претставил работата на модерните европски архитекти како Лудвиг Миес ван дер Рое и Ле Корбсиер во Америка. Тој подоцна соработувал со Мис ван дер Рое за она што се смета за најубав облакодер во Северна Америка, зградата Сиаграм во Њујорк (1958).
Џонсон се вратил на универзитетот Харвард во 1940 година за да ја проучува архитектурата под Марсел Бреуер. За својата магистерска дисертација, тој дизајнирал резиденција за себе, сега познатата Стаклена куќа (1949), која е прогласена за една од најубавите и најнебално функционални домови во светот.
Зградите на Филип Џонсон се луксузни во обем и материјали, со екстенсивен внатрешен простор и класично чувство на симетрија и елеганција. Тие ја олицетворуваат доминантната улога на корпоративна Америка на светските пазари со истакнати облакодери за такви водечки компании како AT & T (1984), Pennzoil (1976) и Pittsburgh Plate Glass Company (1984).
-
Стаклена Куќа (1949)
-
Внатрешност на Стаклената Куќа (1949)
-
Градината во Музејот за современа уметност воп Њујорк (1953)
-
Congregation Kneses Tifereth Israel Synagogue in Port Chester, New York (1954–1956)
-
Сиграм (1958)
-
Манастрска градба во состав на опатијата Св. Анселм (1960)
-
Atrium во Њујоршкиот државен театар (1964)
-
Галерија во Билефел (1968)
-
Бостонска државна библиотека (1972)
-
Центар ИДС (1973)
-
Палата Пенцоил (1970–1976)
-
Thanks-Giving Square (1977)
Надворешни врски
уреди- Obituary Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Филип Џонсон на Find a Grave (англиски)
- Philip Johnson architectural drawings, 1943-1994 (bulk 1943-1970).Held by the Department of Drawings & Archives, Avery Architectural & Fine Arts Library, Columbia University.
- The Architecture of Philip Johnson
- „Philip Johnson Biography and Interview“. www.achievement.org. American Academy of Achievement.
- Finding aid for Philip Johnson architectural projects at the Getty Research Institute
- Finding aid for Philip Johnson papers at the Getty Research Institute