Фибриларни белковини
Фибриларните белковини, познати и како склеробелковини, претставуваат еден од трите главни типа на белковини (заедно со глобуларните и мембранските белковини).[1][2][3] Постојат многу натсемејства на фибриларни белковини вклучувајќи ги кератинот, колагенот, еластинот, и фиброинот. Улогата на склеробелковините е поврзана со заштита и поддршка, формирање на сврзно ткиво, тетиви, коскени матрици, и мускулни влакна (миоцити).
Биомолекуларна структура
уредиСклеробелковините се изградени од долги белковински филаменти, кои имаат облик на прачки или жици. Тие воглавно претставуваат структурни или складишни белковини, кои обично се инертни и нерастворливи во вода. Склеробелковините главно се јавуваат како агрегати, поради хидрофобноста на страничните аминокиселински ланци кои штрчат на површината од молекулата. Нивните молекули се меѓу најголемите белковински молекули, како, на пример, титинот, кој е најголемата белковина воопшто, со околу 30.000 аминокиселински остатоци во составот на неговата молекула.[2]
Пептидната низа на една фибриларна белковина често има ограничен број на видови на аминокиселински остатоци, кои се повторуваат; тие може да се формираат невообичаени вторични структури, како што е колагенската завојница. Нивните структури многу често поседуваат вкрстени врски помеѓу полипептидните синџири (на пример, cys-cys дисулфидни врски меѓу кератинските синџири).
Склеробелковините не денатурираат толку лесно како глобуларните белковини.
Мирошников et al. (1998) се меѓу истражувачите кои се обиделе да синтетизираат фибриларни белковини.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Nelson, David L.; Cox, Michael M. (2017-01-01). Lehninger Principles of Biochemistry (англиски) (Seventh. изд.). New York NY: W. H. Freeman. стр. 125–131. ISBN 9781464126116.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ 2,0 2,1 Finkelstein, Alexei V.; Ptitsyn, Oleg (2016-07-12). Protein Physics: A Course of Lectures (англиски) (2. изд.). Amsterdam Boston Heidelberg London: Academic Press. стр. 151–163. ISBN 9780128096765.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Miroshnikov, K. A.; Marusich, E. I.; Cerritelli, M. E.; Cheng, N.; Hyde, C. C.; Steven, A. C.; Mesyanzhinov, V. V. (1998-4). „Engineering trimeric fibrous proteins based on bacteriophage T4 adhesins“. Protein Engineering. 11 (4): 329–332. ISSN 0269-2139. PMID 9680195. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)