Фермињано (итал. Fermignano) е гратче и општина во покраината Пезаро и Урбино (регион Марке), Италија, 70 км западно од Анкона и околу 35 км југозападно од Пезаро.

Фермињано
Fermignano
општина
Општина Фермињано
Поглед на Фермињано
Поглед на Фермињано
ЗемјаИталија
РегионМарке
ПокраинаПезаро и Урбино (PU)
Управа
 • ГрадоначалникЏорџо Канчелиери
Површина
 • Вкупна43,3 км2 (167 ми2)
Население (2006)[1]
 • Вкупно8.384
 • Густина19/км2 (50/ми2)
ДемонимФермињанези
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.61033
Повик. бр.0722
Светец-заштитникСв. Ана
Слава26 јули
Мреж. местоМатична страница

Ова е родно место на прочуениот ренесансен архитект Донато Браманте (1444-1514).

Историја уреди

Фермињано како населено место датира уште од 200 п.н.е., а името веројатно потекнува од некоја личност по име Фирмидио. Во месноста имало прометен мост преку реката Метауро, и се смета дека мостот бил почетна точка на растот на овој град.[2]

Демографија уреди

Фермињано има 8.638 жители[3]. Населението низ историјата бележи пораст. Еве табела на која е прикажан порастот на населението во периодот од 1851 до 2001 г.

Наводи уреди

  1. Сите демографски и други податоци: Национален статистички институт на Италија (Istat).
  2. Историја на Фермињано Архивирано на 10 септември 2012 г. (англиски)
  3. Податоци од Istat - 29 февруари 2009 (италијански)