Фантазии (дело на Борхес)

„Фантазии“ или „Измислици“ (шпански: Ficciones) — збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1944 година.

Содржина уреди

Збирката се состои од 16 раскази распоредени во два циклуса: „Градина со патеки што се разделуваат“ (El Jardín de senderos que se bifurcan) и „Измислици“ (Artifices).[1]
Градина со патеки што се разделуваат

  • „Тлен, Укбар, Orbis Tertium“ (1940)
  • „Пјер Менар, писателот на Дон Кихот“ (1939)
  • „Кружни урнатини“
  • „Лотаријата во Вавилон“
  • „Осврт кон делото на Херберт Квејн“ (1941)
  • „Вавилонската библиотека“ (1941)
  • „Градина со патеки што се разделуваат“


Измислици

  • „Фунес или паметење“ (1942)
  • „Обликот на сабјата“ (1942)
  • „Тема за предавникот и јунакот“
  • „Смртта и компасот“ (1942)
  • „Таинственото чудо“ (1943)
  • „Три верзии на Јуда“ (1944)
  • „Крај“
  • „Фениксовата секта“
  • „Југ“

За збирката уреди

Првиот дел од збирката „Фантазии“, всушност, ги содржи расказите од збирката на Борхес, „Градина со патеки кои се разделуваат“ од 1941 година, иако расказите претходно биле објавени во списанието „Југ“. Во 1956 година, Борхес ја проширил збирката со три нови раскази: „Југ“, „Фениксовата секта“ и „Крај“. Притоа, во предговорот на изданието од 1956 година, самиот Борхес го посочил влијанието на неколку филозофи и писатели: Шопенхауер, Де Квинси, Стивенсон, Маутнер, Шо, Честертон и Леон Блоа. Некои од расказите Борхес ги посветил на своите пријатели, како: „Пјер Менар, писателот на Дон Кихот“ (со посвета на Силвина Окампо), „Градина со патеки што се разделуваат“ (посветен на Викторија Окампо) и „Смртта и компасот“ (посветен на Аманда Молина Ведија).[2]

Наводи уреди

  1. Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006.
  2. Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006.