ФК Херенвен или Спортски клуб (СК) Херенвен е холандски професионален фудбалски клуб и во моментов се натпреварува во Ередивизи, највисокото ниво во холандскиот фудбал. Базата на клубот е во градот Херенвен, Фризија.

Холандија Херенвен
Целосно имеСпорт Клуб Херенвен
Основан1920
СтадионАбе Ленстра
Херенвен, Холандија
(Капацитет: 26,800)
СопственикХоландија Гастон Споре
ТренерХоландија Двајт Лодевегес
ЛигаЕредивизи
2013–14Ередивизи, 5-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клубот е основан во 1920 година. Херенвен досега нема ниту една титула првак на Холандија, но во сезоната 1999-2000 го освоил второто место зад шампионот ПСВ Ајндховен и настапувал во Лигата на шампионите следната сезона. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојувањето на Купот на Холандија во сезоната 2008-09, кога Фризијскиот клуб бил подобар од Твенте на пенали. Интересно е тоа што во тоа финале, првиот гол на натпреварот го постигнал поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов, доведувајќи го Херенвен во водство во 27-мата минута.

Боите и амблемот на Херенвен го претставуваат симболот на Фризија, покраината од која доаѓа клубот. Својте домашни натпревари Херенвен ги игра на Стадионот Абе Ленстра кој има капацитет од 26,800 седечки места.

ИсторијаУреди

СК Херенвен е основан на 20 јули 1920 година во градот Херенвен, Фризија како Атлета.[1] Тие го промениле своето име двапати, прво во Спартан, а потоа во ВВ Херенвен во 1922 година.[1] Додека Холандија е окупирана од Германија Херенвен освоил три последователни првенства на Северна Холандија, а по завршувањето на Втората светска војна го освоиле истиот наслов шест пати по ред; доминација на клубот делумно се припишува на присуството на Абе Ленстра.[1] Во овој период Ленстра го водел Херенвен до познатата победа над Ајакс во една од најпознатите и најзпомнетите натпревари во историјата на холандскиот фудбал.[2] Херенвен губел со 1-5 на 25 минути до крајот, но фризискиот тим необјасниво го свртел натпреварот и дошол до победа со 6-5.[2]

РивалстваУреди

Најголеми ривали на Херенвен се Камбур од Леуварден и ФК Гронинген од градот Гронинген.

ТитулиУреди

Моментален составУреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Ервин Мулдер
2   ОД Кени Отигба
5   ОД Пеле ван Анхолт
6   ОД Стефано Марцо
8   СР Мортен Торсби
9   НП Томас Далгард
10   СР Симон Терн
11   НП Сам Ларсон
12   ОД Доке Шмидт
14   ОД Јост ван Анкен
15   СР Мартен де Рун (капитен)
16   СР Дели Синкгравен
17   НП Лучано Слагвер
18   ОД Јенс Јурн Струткер
19   НП Марк Ут
Бр. Позиција Играч
20   ОД Јука Раитала
21   СР Џои ван ден Берг
22   ОД Стивен Вармолтс
23   ОД Јорди Буијс
24   СР Шаблокс Варга
25   ОД Вилем Хуизинг
26   СР Јанио Бикел
27   СР Михаел Чакон
28   НП Паскал Хусер
30   ГМ Робин Кист
31   ГМ Виктор Норинг
32   ОД Јорис Вест
33   ГМ Мартен де Фокерт
40   НП Пеле ван Амерсфурт

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „The history of Heerenveen“. www.sc-heerenveen.nl. Посетено на 2008-12-01.
  2. 2,0 2,1 „sc Heerenveen: EVERY DUTCHMAN'S SECOND FAVORITE TEAM“. www.ajax-usa.com. Посетено на 2008-12-01.