ПФК Лудогорец Разград

(Пренасочено од ФК Лудогорец Разград)

ПФК Лудогорец Разград е бугарски професионален фудбалски клуб со седиште во градот Разград, Клубот е основан во 1945 година и моментално се натпреварува во А фудбалската група на Бугарија.

Бугарија Лудогорец
ПрекариОрлите
Основан1945
СтадионЛудогорец Арена
Разград, Бугарија
(Капацитет: 12,500)
СопственикБугарија Кирил Домусчиев
ТренерБугарија Георги Дерменџиев
Лига А група
2022–23А група, 1-ви
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Клубот е четирикратен првак на Бугарија, откако ја освоил титулата во последните четири изданија на бугарското првенство (2011-2012, 2012-2013, 2013-2014 и 2014-2015). Покрај тоа, Лудогорец по двапати ги освојувал трофеите во купот и суперкупот на својата земја. Во сезоната 2014-2015 Лудогорец за првпат во својата историја играл во групната фаза од Лигата на шампионите, но завршиле како последни во групата со Реал Мадрид, Базел и Ливерпул.

Традиционалните бои на клубот се зелена и бела. Својте домашни натпревари Лудогорец ги игра на стадионот Лудогорец Арена, кој има капацитет од 12.500 седечки места.

Историја уреди

Лудогорец е основан во 1945 година. Во сезоната 1961-1962 за првпат влегува во втората лига. Во првите 65 години клубот воглавно се натпреварувал во втората и третата лига, а во деведесеттите години на 20 век бил познат под името Антибиотик.[1] Во 2001 година клубот се распаднал и престанал да постои.

Иницијатори за повторното создавање на клубот биле Александар Александров и Владимир Димитров па така новиот фудбалски клуб бил основан на 18 јуни 2001 година под името Лудогорие. Клубот започнал да се натреварува од најниското ниво на бугарскиот фудбал. Во 2002 година го промениле името во Разград 2000 после соединувањето со истоимениот младински клуб. Разград без проблеми ја освојувал својата групата, но немал финансиски средства да мине во повисок ранг на натпреварување. Сепак во сезоната 2005-2006, Лудогорец повторно бил прв и е примен во Североисточната В група - третата лига по ранг во Бугарија.

Во сезоната 2009-2010 екипата изборила промоција во Б група - второто ниво на фудбалската пирамида, а во 2010 година добиле лиценца за да ја преземат историјата од распаднатиот клуб Лудогорец Разград. Во јули 2010 година, за тренер бил назначен Ивајло Петев. Во септември истата година Лудогорец го купува стопанственикот Кирил Домусчиев со намера да го му помогне на клубот да избори промоција во Првата лига. На 28 мај, 2011, тоа се остварило и Лудогорец за првпат се пласирал во највисокиот ранг на бугарскиот фудбал, откако ја освоиле титулата во Б група.[2]

Првата сезона во А група Лудогорец ја започнал со неколку многу квалитетни засилувања, па така првиот пораз го претрпеле дури во 10. коло, кога загубиле од Литекс со 2-1. Во 15. коло одиграле 2-2 во Софија против ЦСКА, надоместувајќи негатива од два гола во последните пет минути од двобојот, а со тој натпревар завршил првиот дел од сезоната по кој Лудогорец бил на првото место. После три пораз по ред во пролетниот дел од сезоната го загубиле водствот на табелата. Меѓутоа, со победата од 1-0 во последното коло од првенството над директниот конкурент за титулата ЦСКА Софија, Лудогорец станал шампион со 70 освоени бодови еден повеќе од ЦСКА. Победеносниот гол за првата шампионска титула го постигнал Мирослав Иванов. Најдобрата сезона во историјата на клубот завршила со освојувањето на купот по победата над Локомотив Пловдив со 2-1.

Во август 2012, Лудогорец го освоил и суперкупот повторно победувајќи го Локомотив Пловдив и така станал првиот клуб во историјата на бугарскиот фудбал кој во својата прва сезона во највисокиот ранг на натпреварување освоил три трофеја. Исто така тоа е првиот клуб мадвор од главниот град и вкупно третиот клуб во Бугарија заедно со Левски и ЦСКА, коишто успеал да освои домашна тројна круна.

 
Лого до 2016 г.

Своето деби во европските натпреварувања го направил во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите во сезоната 2012-2013 против Динамо Загреб. Во првиот натпревар било 1-1, а во вториот загубиле со гол во 98-мата минита со 3-2.[3]

Најголемиот успех клубот го направил со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2014-2015, откако во плејофот на пенали биле подобри од Стеауа. По извлакувањето на ждрепката, Лудогорец се нашол во групата Б задно со бранителот на титулата Реал Мадрид, Базел и Ливерпул. Лудогорец завршил на последното место со 4 освоени бода, со победата над Базел и ремито 2-2 против Ливерпул двата на домашен домашен терен.

Стадион уреди

Својте домашни натпревари Лудогорец ги игра на стадионот Лудогорец Арена кој има капацитет од 12.500 седишта. Стадионот бил отворен во септември 2011 година.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Милан Борјан
4   ОД Сисињо
6   ОД Натанаел
7   СР Михаил Александров
8   СР Лукас Саша
11   НП Жунињо Кишада
12   СР Анисет Абел
15   ОД Александар Александров
16   ОД Брајан Ангуло
17   НП Цветелин Чунчуков
18   СР Светослав Дјаков (капитен)
19   СР Александар Василев
21   ГМ Владислав Стојанов
Бр. Позиција Играч
22   СР Џонатан Кафу
25   ОД Јордан Минев
27   ОД Козмин Моци
28   НП Клаудиу Кешеру
30   СР Андреј Преперлица
33   ГМ Георги Аргилашки
55   ОД Георги Терзиев
77   ОД Витиња
84   СР Марселињо
88   СР Вандерсон
91   ГМ Иван Чворовиќ
92   СР Жоди Лукоки
93   СР Виржил Мисиџан

Тренери уреди

 
Георги Дерменџиев
Период Име Освоено
2010–13   Ивајло Петев 99992 A група
1 Б група
1 Куп на Бугарија
1 Суперкуп на Бугарија
2013–14   Стојчо Стоев 99991 A група
1 Куп на Бугарија
2014–15   Георги Дерменџиев 99991 A група
1 Суперкуп на Бугарија
2015   Бруно Рибеиро
2015–   Едуард Ераносјан

Титули уреди

Шампиони (12) : 2011/12, 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2017/18, 2018/19, 2019/2020, 2020/21, 2021/22, 2022/23.
Шампиони (1) : 2010-2011.
Шампиони (3) : 2011-2012, 2013-2014, 2022/23.
Шампиони (2) : 2012, 2014.

Бои, дресови, спонзори и маскота уреди

Боите на клубот се зелената и белата ( ).

Период Производител на дресови Спонзор
2006–10   Tomy Sport None
2010–12   Адидас Huvepharma
2012–14 Navibulgar / Huvepharma
2014–   Макрон eCasino.bg

Наводи уреди

Надворешни врски уреди