Умри некој друг ден (филм)

Умри некој друг ден (англиски: Die Another Day) е филм од 2002 година. Филмот е дел од серијалот за Џејмс Бонд, во режија на Ли Тамахори. Главните улоги ги толкуваат: Пирс Броснан и Хали Бери.

Aston Martin V12 Vanquish и Bombardier MX Rev Ski-Doo користени во филмот

Содржина уреди

Џејмс Бонд добива задача во Северна Кореја, каде треба да го убие полковникот Мун, кој на терористите им продава современо оружје. Акцијата е успешна, но Бонд е заробен и поминува 14 месеци во свирепо заробеништво во еден затвор во Северна Кореја. Кога ќе биде ослободен при една размена на заробеници, тој открива дека неговиот најблизок соработник Зао е севернокорејски агент.[1] [2]

Наводи уреди

  1. Антена, број 840, 1.8.2014, стр. 25.
  2. Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 26.