Уморна смрт - германски нем филм од 1921 година во режија на Фриц Ланг. Во филмот една жена посакува и се обидува да се сретне, односно обедини, со својот починат љубовник. Исто така во филмот се прикажани три приказни кои се случуваат на три различни места, односно на средниот исток, во Италија во Венеција и во Кинеската империја.

Инспирација

уреди

Филмот во најголема мера е инспириран од индиската митологија, како и од личниот живот на режисерот. Односно идејата на режисерот му дошла откако починала неговата мајка.

Појава на филмот

уреди

Многу долго време текстовите од филмот биле изгубени. Ено Паталас, директорот на градскиот музеј во Минхен, успеал да ги обнови текстовите со помош на една француска организација која има богат архив со текстови, благодарение на Лоте Ајснер. Во 2016 година бил прикажан овој филм во кино, со мали измени од оргиналот.