Ултимогенитура (лат. ultimus последен, gеnitus роден) е традиционално право на најмладиот син на наследство. Ултимогенитурата најмногу се практикува кај номадските племиња каде што постарите синови со своите стада се одвојуваат од семејството и бараат нови пасишта, а најмладиот син останува со таткото до неговата смрт.

Дијаграм на агнатична ултимогенитура

Појавата е позната и во некои европски земји каде што постарите синови заминуваат в град, а сè уште неженетите синови остануваат со таткото и неговиот имот.

Поврзано уреди