Улрика Оберг (1771-1852) - шведска балерина на Кралскиот балет во Шведска.

Биографија уреди

Улрика била една од првите национални танчерки во Шведска. Од 12 годишна возраст, студирала танц со ѕвездата балерина во Густавија, Џована Баси. Таа била обучена за италијански стил на балет и го следела нејзиниот ментор во истиот стил. Улрика настапувала со Кралскиот шведски балет во периодот 1782-1795 година. Во 1782-1785 година таа била корифеи (водечка фигура), 1785-1787 година. била втор танчер, и од 1787 до 1795 година, работела како примабалерина. Понекогаш таа го заменувала својот ментор за време на настапите.

Улрика ја постигнала својата најголема популарност во балетот Тилфеле гор Тјувен. Нејзини други познати улоги ја вклучуваат Лиза во Ла Росере де Саленци (сезона 1786-1787 г.), и Мирза кај Мирза и Линдор (сезона 1792-1793 г.).

Во 1795 г. Улрика се омажила и ја напуштила балетската сцена. Една година подоцна, нејзината менторка Џована Баси исто така ја напуштила сцената. Улрика била спомнувана како една од првите професионални танчерки на шведскиот балет, иако првите танчерки работеле во театарот Болухсет уште од 1738 година, но таа била една од првите Швеѓанќи што имала специјализирано образование и дала голем придонес за формирање на Кралскиот балет.

Литература уреди

  • Österberg, Carin et al., Svenska kvinnor: föregångare, nyskapare. Lund: Signum 1990. (ISBN 91-87896-03-6)
  • Kungliga teaterns repertoar 1773—1973 (The Royal Theatre’s Repertoire 1773—1973)

Надворешни врски уреди