Узипетите биле келтски или германски народ. Според Јулиј Цезар во неговите Коментари за Галската војна (книга-IV, поглавја 1 и 4), Узипетите и Тенктерите, постојано напаѓани од Свевите, побегнале на територијата на Менапите.

Поделба на германските племиња во 1 век

Тие се споменати во Географијата на Птоломеј и од страна на Такит во неговото дело « Обичаите на Германите » : « Близу до Хатите, Узипетите и Тенктерите живеат на Рајна која на тоа место има доволно длабоко речно корито за да служи како граница...»

Во неговото дело Животот на Агрикол (поглавје 28), Такит изнесува дека некој узипетски одред од кохорта на римската војска се побунил додека овој вршел воен поход на северот на Британските Острови (веројатно со генералот Јулиј Агрикола, околу 82). Узипетските побуненици го убиле центурионот и римските војници кои биле со нив, потоа ги грабнале трите брода и испловиле накај далечниот север на Британскиот остров. Нивните подвизи ги одвеле до канибализам и на крај завршиле на територијата на Свевите каде биле заробени од овој народ. Другите припадници на оваа одисеја веројатно биле заробени од Фризонците а оние преживеани од племето кои останале биле продадени како робови.

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: