Убиство во Ориент-експрес (филм од 2017)

„Убиство во Ориент-експрес“ (англиски: Murder on the Orient Express) — американски филм од 2017 година во режија на Кенет Брана и по сценарио на Мајкл Грин, заснован на истоимениот роман од 1934 година на Агата Кристи. Во главните улоги се појавуваат: Кенет Брана, Пенелопе Круз, Вилем Дефо, Џуди Денч, Џони Деп, Џош Гад, Дерек Џакоби, Лесли Одом, Мишел Фајфер и Дејзи Ридли. Филмот го следи славниот детектив Херкул Поаро, кој се обидува да реши убиство на познатиот европски воз Ориент-експрес во 1930. години.

„Убиство во Ориент-експрес“
РежисерКенет Брана
Продуцент
Главни улоги
МузикаПатрик Дојл
КинематографијаХарис Замбарлукос
МонтажаМик Одсли
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера2 ноември 2017 (2017-11-02) (Ројал Алберт Хол, Лондон)
10 ноември 2017 (2017-11-10) (САД)
Времетраење114 минути
Земја САД [1]
Јазиканглиски
Буџет55 милиони долари[2]
Бруто заработка297,9 милиони долари[2]
СледенСмрт на Нил

Убиство во Ориент-експрес премиерно бил прикажан на 2 ноември 2017 година во Ројал Алберт Хол во Лондон, а во САД бил издаден на 10 ноември 2017 година, од страна на 20th Century Fox.[3] Филмот бил комерцијален успех, заработувајќи преку 297 милиони долари на светско ниво, во споредба со буџетот од 55 милиони долари. Од филмските критичари, филмот се здобил со мешани критики, и тоа пофалби за изведбата на глумците и за продукцијата, и негативни критики насочени кон неинвентивноста да се додаде нешто ново во споредба со претходните адаптации.[4]

Синопсис

уреди

Херкул Поаро, најдобриот детектив на светот, патува во познатиот воз Ориент-експрес. Патем, возот е принуден да застане поради мала лавина и тогаш во него се случува убиство. Вовозот се наоѓаат повеќе луѓе кои не само што имале можност да го извршат убиството, туку имале и мотив за тоа.[5]

Улоги

уреди

Прием

уреди

Заработка

уреди

До 16 декември 2017 година, Убиство во Ориент-експрес остварил заработка од 97.25 милиони долари во САД и Канада, и 200.7 милинои долари во другите територии, за вкупна заработка од 297,9 милиони долари, наспроти буџетот од 55 милиони долари.[2]

Во САД и Канада, Убиство во Ориент-експрес бил издаден заедно со филмот Тато се врати 2, и било проектирано да оствари заработка од 20 милиони долари од 3,341 кина во првиот викенд на прикажување.[6] Филмот заработил 10,9 милиони долари на првиот ден на прикажување. Филмот ги надминал очекувањата и во првиот викенд на прикажување заработил 28,7 милиони долари, завршувајќи на третото место по големина на заработка, зад Тор: Рагнарок и Тато се врати 2. Во првиот викенд на прикажување, 51% од гледачите биле луѓе со возраст над 35 години.[7] Во вториот викенд на прикажување, филмот заработил 13,8 милиони долари (пад од 51.9%), завршувајќи на петтото место, зад Лига на правдата, Чудо, Тор: Рагнарок и Тато се врати 2.[8]

Наводи

уреди
  1. „Murder on the Orient Express“. AllMovie. Посетено на November 7, 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Murder on the Orient Express (2017)“. Box Office Mojo. Посетено на December 16, 2017.
  3. „The Murder On The Orient Express world premiere red carpet“. Yahoo!. November 1, 2017.
  4. Џеф Гилс (November 9, 2017). „Murder on the Orient Express Mostly Stays on Track“. Rotten Tomatoes. Посетено на November 9, 2017.
  5. Убиство у Оријент експресу (пристапено на 22.5.2024)
  6. Ентони Д'Алесандро (October 25, 2017). 'Thor' Rocks On With $10.8M Tuesday; Will Continue To Strike Lightning In Second Weekend With $60M“.
  7. Ентони Д'Алесандро (November 11, 2017). 'Daddy's Home 2' Higher Than 'The Orient Express' In A 'Ragnarok'-Ruled Weekend – Early Sunday AM Update“. Посетено на November 11, 2017.
  8. Ентони Д'Алесандро (November 19, 2017). 'Justice League' Encounters Kryptonite At The B.O. With $96M Opening: Why The DC Movie Weakened – Sunday AM Update“. Deadline.com. Посетено на November 19, 2017.

Надворешни врски

уреди