Османлиско-италијанска војна

Османлиско-италијанската војна била воен конфликт помеѓу Италија и Османлиското Царство, во периодот од 1911 до 1912 година. Во историографијата често е нарекувана Триполитанска војна. Воените дејствија заппочнале на 29 септември 1911 година, а мировниот договор бил потпишан во Лозана на 18 октомври 1912 година. Според договорот, територијата на денешна Либија попаднала под Италија[9].

Османлиско-италијанска војна
Датум 29 септември 1911 - 18 октомври 1912
(1 година, 2 недели и 5 денови)
Место Отоманска Триполитанија, Егејско Море, црвено Море
Исход
Територијални
промени
Италија ја зазела Либија
Италијанска Либија
Завојувани страни
Кралство Италија Кралство Италија  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Кралство Италија Виктор Емануел III Османлиско Царство Мехмед V

Османлиско Царство Мустафа Кемал
Сила
34,000 пешадија[1]
6,300 коњаница [2]
1,050 troop carriers[2]
82 артилерија[2]
Total: 100,000[2]
4,800[2]-8,000 регуларна војска[3]
20,000 локална војска[3]
Вкупно: 28,000[3]
Жртви и загуби
3,431 мртви и 4,220 повредени[4](1,948 од колера)[5]
600 исчезнати[6]
17,429 разболени[6]
10,000 мртви ии повредени[7][8]
10,000 погубени[7]

Позадина уреди

Италијанските претензии кон Либија започнале веднаш по потпишувањето на Берлинскиот конгрес од 1878 година во кој Франција и Велика Британија меѓусебно се договориле Тунис да ппремине под француска власт, додека Кипар под британска. За италијанската иницијатива најмногу се спротивставила Франција, но по потпишувањето на француско-италијанскиот договор од 1902 година, на Италија и било овозможено слободно да ја нападне Либија а во замена Франција би го добил Мароко[10]. Но долго време по овој договор италијанската влада не презела никакви дејства.

Италијанските медиуми започнале голема кампања за лобирање во корист на инвазијата на Либија на крајот на март 1911 година. Либија била прикажана како земја богата со руди а земјата била бранета од само 4.000 османлиски војници. Исто така населението и племињата во Либија биле опишувани како непријателски расположени кон Отоманското Царство и пријателски кон Италијанците. Така, според медиумите идната инвазија требало да претставува нешто повеќе од воена прошетка. Единствени кои се противеле на една ваква инвазија била Италијанската социјалистичка партија на чело со Бенито Мусолини. Италијанската влада била спремна на почетокот, но во летните подготовки за инвазија премиерот Џовани Џолити започнал да патува низ другите европски големи сили за нивните реакции на можна инвазија на Либија. Партијата на социјалистите имаше силно влијание врз јавното мислење.

Италијанската влада упатила ултиматум до османлиската власт на 26 септември. Османлиските власти предложиле Либија да биде предадена на Италија, исто како Египет на Велика Британија, без отпор но под услов Италија да го признае суверенитетот на османлиската власт над Либија. Овој предлог бил одбиен и на 29 септември 1911 година Италија објавила војна.

Воени акции уреди

Италијанската флота на Триполи допатувала на 28 септември 1911 година и на 3 октомври започнала со бомбардирање на своите цели. Градот бил заземен од 1,500 маринци со голема помош на бројните италијански колонисти. Османлиите немале своја голема војска во Либија. Голем дел од османлиските офицери морале да заминат во Либија со свои сопствени средства тајно преку Египет, бидејќи Британците нема да им дозволиле на османлиските власти масовно да го поминат Египет. Османлиите помош побарале од Арапите и Бедуините за одбрана од италијанската инвазија[11].

Првата поголема италијанска сила од 20,000 војници на либиска земја пристигнале на 10 октомври и многу бргу биле освоени Тобрук, Дернах и Ал Кудс но зазимањето на Бенгази се одложило. Наскоро бројот на италијанските сили пораснал на 100,000 војници наспроти 4,800 редовни турски војници и околу 20,000 локални. Во единствената успешна битка за османлиските сили кај градот Тобрук учествувал и идниот татко на модерна Турција, Мустафа Кемал. По оваа победа војната започнала да влгува во ќор сокак. Војната повторно се интензивирала кога на 3 март 1912 година 1,500 либиски волонтери ги нападнале италијанските позиции во близина на Дерна. Но поради големиот број на италијански сили либиските востаници морале да се повлечат. До крајот на 1912 Италијанците постигнале мал напредок во освојувањето на Либија. Тие всушност биле ставени под опсада во седум реони на земјата.

Во текот на конфликтот, италијанските сили ги зазеле и грчките острови Родос и Додеканезите. Во 1911 година во градот Триполи се случил масакар врз либиското население. Италијанските војници убиле илјадници жени и деца, опожариле неколку џамии кои биле полни со бегалци.

Значење уреди

Конфликтот ја забрзал подготовката на балканските земји за започнување на војна против Османлиите. Во војната за првпат бил користен авион за воени дејства. На 23 октомври 1911 бил извршен првиот разузнавачки полет на италијански авион кај Бенгази а на 1 ноември биле фрлени првите бомби врз османлиски цели од страна на авион. Во март 1912 биле направени и првите воздушни фотографии во историјата.

Мировни преговори уреди

Италијанската дипломатија одлучила да ја искористи поволната воена ситуација и понудила на Османлиите мировен договор. Договорот бил потпишан во Лозана. Според договорот, Османлиите морале да се повлечат од Либија а за возврат Италија ги вратила островите Родос и Додеканезите. Два од османлиските вилаети добиле регентство и кадија кој го претставувал калифот, но истите морале да бидат избрани во согласност со италијанската влада а нивните трошоци ќе бидат плаќани од Османлиите.

Наводи уреди

  1. The History of the Italian-Turkish War, William Henry Beehler, page 96
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Youssef Aboul-Enein and David Trandberg (6 March 2012). „Arab Thoughts on the Italian Colonial Wars in Libya“. Small Wars Journal. Посетено на 14 November 2013.
  3. 3,0 3,1 3,2 The History of the Italian-Turkish War, William Henry Beehler, page 14
  4. World War I: A Student Encyclopedia, Spencer C. Tucker,Priscilla Mary Roberts, page 946
  5. Emigrant nation: the making of Italy abroad, Mark I. Choate, Harvard University Press, 2008, ISBN 0-674-02784-1, page 176.
  6. 6,0 6,1 The End of the Italo-Turkish War, Lenin Collected Works, Progress Publishers, [1975], Moscow, Volume 18, pages 337-338
  7. 7,0 7,1 Spencer Tucker, Priscilla Mary Roberts: World War I: A Student Encyclopedia, ABC-CLIO, 2005, ISBN 1-85109-879-8, page 946.
  8. Boris Zesarewitsch Urlanis: Bilanz der Kriege, Berlin 1965, page 123
  9. Country Profiles, (16 мај 2006), "Timeline: Libya, a chronology of key events" BBC News, Accessed 18 јули 2006
  10. „Alliance System / System of alliances“. thecorner.org. Архивирано од изворникот на 2007-04-03. Посетено на 2007-04-03.
  11. „30 September Italy and Trablusgarp (tr)“. Архивирано од изворникот на 2012-09-15. Посетено на 2014-08-26.

Надворешни врски уреди