Сапармурат Нијазов

(Пренасочено од Туркменбаши)

Сапармурат Атајевич Нијазов (туркменски: Saparmyrat Ataýewiç Nyýazow; 19 февруари 1940 - 21 декември 2006) — претседател на Туркменистан и најмоќниот човек во земјата од 1985 сѐ до 2006 г. Бил познат како Сердар Сапармурат Туркемнбаши Велики или само Туркменбаши.

Сапармурат Нијазов
Saparmyrat Nyýazow
Сапармурат Нијазов


Прв претседател на Туркменистан
Мандат
21 јуни 1991 – 21 декември 2006
Претходник Мухамед Гапусов
Следбеник Гурбангули Бердимухамедов

Роден 19 февруари 1940
Ашхабат, Туркменистан
Починал 21 декември 2006
Ашхабат, Туркменистан
Партија Демократска Партија на Туркменистан
Сопружник Муза Соколова

Нијазов бил еден од најавторитарните диктатори во светот кој своите лични ексцентричности ги наложувал на државно ниво, иако во земјата многу луѓе го сметале за голем водач на нацијата. Според англиската организација за човекови права „Глобал Витнес“, Нијазов има изнесено преку 3 милиларди долари од државата за свои потреби.[1]

Лична историја уреди

Од рана возраст Нијазов бил сирак бидејќи татко му загинал борејќи се против Германците во Втората светска војна, а остатокот од неговото семејство загинало во големиот земјотрес во Ашхабат во 1948. Пред да се пресели во домот на еден далечен роднина, тој бил воспитуван во советски дом за сираци. Во 1962 Нијазов се зачленил во Комунистичката Партија каде бргу напредувал и дошол на чело на Комунистичката Партија на Туркменистан (подоцна Демократска Партија на Туркменистан) во 1985 по симнувањето на претходниот генерален секретар, Мухамед Гапусов од страна на советскиот водач Михаил Горбачов заради малверзации со памук. Нијазов, како водач на КПТ го поддржувал пучот против Михаил Горбачов во 1991 и успеал да ја задржи власта во земјата и по распадот на СССР. Тој станал првиот и досега единствениот „претседател“ на Туркменистан. .

На 22 октомври 1993 Нијазов се самонарекол Туркменбаши, што значи „Водач на сите етнички туркмени“ по примерот на Кемал Ататурк. На 29 декември 1999 Нијазов е прогласен за Доживотен претседател од страна на владата.

Нијазов починал ненадејно од срце на 21 декември 2006. Наследен од Гурбангули Бердимухамедов.

Култ кон личноста уреди

Нијазов бил авторитарен водач кој го негувал култот на неговата личност. Бидејќи верувал дека туркмените се нација без национален идентитет, тој се обидува одново да ја изгради земјата по негова визија. Нијазов го преименувал градот Красноводоск на Каспиското Море во Туркменбаши по самиот себе. Исто така тој преименувал и неколку училишта, аеродроми, па дури и еден метеорит по неговото и имињата на членовите од неговото семејство. Ликот на Нијазов стои на сите банкноти, а негови големи портрети се закачени насекаде, особено на јавни места како дрвореди и плоштади. Низ цел Туркменистан стојат статуи од него и неговата мајка, меѓу кои и онаа во средината на пустината Каракум како и позлатена статуа на врвот на највисоката зграда во земјата, Арката на неутралноста, која постојано ротира за постојано да биде свртена кон сонцето и да го капе градот во зраци. Нијазов исто така има нарачано огромна палата во престолнината за да го одбележи своето владеење. Истиот е пет пати наградуван како народен херој. Нијазов на ова се изјаснува: Јас сум лично против сиве овие слики и статуи, но така сака народот.

Образовниот систем го индоктринира младиот туркмен да го сака Нијазов, со тоа што неговите дела и говори ја сочинуваат голем дел од содржината на книгите. Главниот текст е национален еп напишан од Нијазов наречен „Рунама“ или „Книга на душата“. Оваа книга е збир од ревизионистичка историја и морални поуки и е предвидена како „душевен водич на нацијата“ и основа за туркменската уметност и литература. Со тоа што сите книги од совесткто време се забранети, а нови не се внесени, библиотеките содржат речиси исклучиво дела од Нијазов. Во 2004, диктаторот наредил да се затворат сите селски библиотеки, бидејќи сметал дека селаните и така не читаат. Во родното село на Нијазов, Кипчак, изграден е комплекс во чест на Нијазовата мајка кој вклучува и џамија (проц. на 100 милиони долари) обмислен како симбол на преродбата на туркменскиот народ. На ѕидовите на зданието се напишани разни правила од „Рунамата“ како и со сури од Куранот.

Внатрешна политика уреди

Култура уреди

Покрај тоа што Нијазов се ставал во центарот на туркменистанската култура, тој се трудел да ја промовира во светот и да ја исчисти од секакви руски влијанија. Една од поголемите реформи е воведувањето на туркменска азбука врз основа на латиницата и ја отфрлил постоечката кирилица. Нијазов исто така ги преименувал месеците и деновите во неделата по народни херои и симболи во Рурамата. Според новиот календар, месецот јануари е наречен „Туркменбаши“. Тој исто така има предложено градење на нови светски чуда во Туркменистан; овие би биле ледена палата во август 2004 и голема зоолошка градина во септември 2005. Ниеден од овие проекти не се остварил.

Безбедност уреди

По наводниот обид за атентат врз Нијазов на 25 ноември 2002, властите почнале да апсат огромен број на осомничени со нивните семејства. Некои критичари велат дека ова било режирано за да се обвини политичката опозиција во земјата и во странство.

Во летото 2004 во Ашхабат се случила кампања со летоци кои повикувале на соборување на Нијазов и негово судење. Властите не можеле да се справат со ситуацијата и Нијазов како одговор на ова го отпуштил неговиот министер за внатрешни работи и директор на полицската академија јавно на телевизија под обвинение дека бил некомпетентен да се справи со криминалот.

Јавно здравство уреди

Во 2004 Нијазов отпуштил 15,000 медицински лица и ги заменил со воени резервисти. По ова на 1 март 2005 наредил да се затворат сите болници вон Ашхабат. На 28 февруари 2005 изјавил: „Зошто да си ги трошиме специјалистите по селата кога тие треба да работат во престолнината?

Надворешна политика уреди

Нијазов е главниот залагач за уставната неутралност на Туркменистан. Со неговата политика, Туркменистан не учествува во никакви воени алијански и пактови, ниту е дел од мониторинг силите на Обединетите Нации.

Во 2005, Нијазов изјавил дека неговата земја ќе ги намали односите со Заедницата на независни држави; а ветил и слободни и фер избори до 2010, нешто што ги зачудило западните критичари.

Претседателски укази уреди

 
Банкнота од 10.000 манати со ликот на Нијазов

Како доживотен претседател на Туркменистан, Нијазов има издадено повеќе необични укази:

  • забрана за водителите на телевизија да се шминкаат, бидејќи Нијазов имал потешкотии да разликува маж од жена.
  • забрана за пеење на плејбек.
  • во декември 1999 - на секој ученик, студент, војник и офицер да му се додели часовник со сликата на претседателот Нијазов под сказалките по повод Нова година.
  • во април 2001, забрана на балетот операта, бидејќи Нијазов смета дека тие „не се дел од Туркменистанската култура“.
  • во 2001, забрана за младите момци да носат бради и долги коси.
  • во јуни 2001, недржавјани на Туркменистан мораат да платат 50.000 долари доколку сакаат да се оженат со Туркменистански државјани.
  • во 2002 Нијазов го преименувал лебот од постоечкото име чорек кој е изворен туркменски збор, во Гурбансолтан еџе по неговата мајка.
  • во август 2002 Нијазов ги редефинирал фазите во животот со што адолесценцијата трае до 25, а староста започнува на 85 (објаснето подолу.)
  • во 2004 - како дополнение на возачката дозвола секој возач мора да положи тест за моралитет.
  • во март 2004 - отпуштање на 15 000 здравствени работници во јавните установи
  • во април 2004 Нијазов ги посоветувал младите дека не треба да ставаат злато или забни навлаки во вилицата, туку треба да џвакаат коски за да им бидат здрави забите
  • во февруари 2005 Нијазов наредил да се затворат сите болници вон Ашхабат со објаснение дека кој е болен треба да може да дојде во главниот град; Нијазов исто така ги затворил и сите селски библиотеки во Туркменистан од причина што „обичниот Туркменистанец и така не чита книги“.
  • во ноември 2005 Нијазов им наредил на лекарите да се колнат во него, а не со Хипократовата заклетва.
  • во декември 2005 Нијазов ги забранил видеоигрите како многу насилни.
  • во јануари 2006 руските медиуми објавиле дека Нијазов им ги укинал пензиите на 13 од пензионерите и им ги намалил на останатите 23, а згора на тоа и побарал од сите нив да ѝ ги вратат на државата сите пензии што ги примиле во последните 10 години. Последица од ова била смртта на многу пензионери, бидејќи оскудните пензии им биле единствениот приход. Туркменистанските власти велат дека овие обвиненија се невистинити и имаат за цел да ја оцрнат туркменистанската влада.

Фази во животот според Нијазов уреди

  • Детство: 0 - 12 години
  • Адолесценција: 13 - 24
  • Младост: 25 - 36
  • Зрелост: 37 - 48
  • Пророштво: 49 - 60
  • Инспирација: 61 - 72
  • Мудрост: 73 - 84
  • Старост: 85 - 96
  • Огузканство: над 97 години

Огузкан бил основачот на туркменистанската нација кој живеел 109 години.

Споменици на Нијазов уреди

Наводи уреди

  1. „It's a Gas: Funny Business in the Turkmen-Ukraine Gas Trade“ (PDF). Global Witness Limited. April 2006. Посетено на 2010-12-09.

Надворешни врски уреди