Иван Тургенев

руски писател
(Пренасочено од Тургенев)

Иван Сергеевич Тургенев (руски: Ива́н Серге́евич Турге́нев; Орел, 28 октомври 1818Париз, 22 август 1883) — руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршиле големо влијание врз развојот на романот. Најзначајните дела му се романите: „Благородничко гнездо“, „Рудин“, „Татковци и деца“ и „Спроти новите дни“, како и драматаЕден месец на село“.

Иван Тургенев
Ива́н Турге́нев
Иља Репин, Портрет на Тургенев (1874)
Роден/аИван Сергеевич Тургенев
9 ноември 1818(1818-11-09)
Орел, Гувернија Орел, Руска Империја
Починат/а3 септември 1883(1883-09-03) (возр. 64)
Буживал, Сена и Уаза, Трета Француска Република
ЗанимањеПисател, поет, преведувач
ЖанрРоман, расказ
Книжевно движењеРеализам
Значајни делаЗаписите на ловецотТатковци и децаЕден месец на село
Потпис

Творештво

уреди

Библиографија

уреди

Осврт кон творештвото

уреди

Во основа, книжевната критика има поволен став кон творештвото на Тургенев. Така, неговата прва поема, „Параша“, големиот руски критичар Белински ја оценил како еден од прекрасните сонови на разбудената руска поезија, заспана по смртта на Лермонтов. Притоа, тој го пофалил Тургенев не само поради творечката дарба, туку го нарекол и „син на нашето време, кој во градите ги носи сите негови маки и прашања“. Оваа оцена целосно се однесува и на „Записите на ловецот“, каде Тургенев со богатата галерија на хумани и индивидуализирани ликови на селани го крева гласот против феудалниот систем во тогашна Русија. И ова дело наишло на поволни оцени, а Херцен го опишал како „поетско обвинение против феудалното право“.[1]

Значење и влијание

уреди

Во делата на Тургенев се појавува типот на рускиот благородник — интелектуалец и хуманист кој ги воодушевува младите луѓе, но не е способен да го направи одлучниот чекор дури ни во личниот живот. Овој познат општествено-книжевен лик, т.е. „непотребен човек“, кој потекнува од Пушкиновиот Онегин, има посебно место во делата на Тургенев. Всушност, сите ликови во руската книжевност, појавени пред и по Тургенев го добиле името токму по расказот на Тургенев, „Дневникот на непотребниот човек“ (1850), а неговиот Рудин е најубедливиот претставник на тие ликови.[2]

Тургенев оставил силно влијание врз поголем број писатели. Така, уште во 1858 година, Николај Чернишевски ја напишал статијата „Русин на rendez-vous (Размислувања по читањето на расказот на г. Тургенев — Асја“ во која ја прифаќа концепцијата на Тургенев и ги истакнува празнината, неодлучноста и општествената непотребност на книжевните ликови од делата на Тургенев. Исто така, Гистав Флобер се воодушевувал од Елена, ликот од „Спроти новите дни“.[3]

Во романот „Шунка на 'ржан леб“, американскиот писател Чарлс Буковски наведува дека еден од првите писатели кои му оставиле силен впечаток бил токму Тургенев, опишувајќи го со зборовите: „Тургенев беше многу сериозен тип, но успеваше да ме насмее, зашто може да биде многу смешно кога првпат ќе чуеш некоја вистина. Кога нечија вистина е иста како твојата, и кога се чини дека тој ја кажува само за тебе, тоа е навистина нешто.“[4]

Наводи

уреди
  1. Душа Перовић, „И. С. Тургењев: Оцеви и деца“, во: И. С. Тургењев, Оцеви и деца. Београд: Просвета, 1961, стр. 243-244.
  2. Душа Перовић, „И. С. Тургењев: Оцеви и деца“, во: И. С. Тургењев, Оцеви и деца. Београд: Просвета, 1961, стр. 243-244.
  3. Душа Перовић, „И. С. Тургењев: Оцеви и деца“, во: И. С. Тургењев, Оцеви и деца. Београд: Просвета, 1961, стр. 245.
  4. Čarls Bukovski, Bludni sin. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 164.

Предлошка:Иван Сергеевич Тургенев