Тунел — роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски од 2003 година.

Тунел
АвторПетре М. Андреевски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
Издадена
2003
Медиумпечатено издание

Содржина уреди

Романот е напишан во јас- форма и претставува нов чекор кон урбана тема. Има пролог и 64 поглавја. Невена раскажува за својот живот и тројцата мажи во него. Започнува со Пролог- „Секој човек си го планира некако живото. Но, никој не знае кај згрешил кога ги повлекувал правите и кривите линии...“ Првиот човек во животот на Невена е Игор, но љубовта им трае кратко поради болеста која го напаѓа. Сепак, на крајот на неговиот живот, Невена ја венчаваат со него, од жал да не оди сам на „небото“. Истиот момент кога стануваат маж и жена, во добро и зло, Невена станува и вдовица во бел фустан. Потоа доаѓа големиот земјотрес и изградбата на приградските безлични населби. Невена го запознава Горан Паковски, кој ја спасува од насилници. Набрзо Невена одлучува да се омажи за Горан, и покрај противењето на мајка си, која и кажува дека во фамилијата на Горан има болест која се пренесува генерациски. По венчавката, се преселува во бараката на Горан, и се чуди од безбројниот куп шишиња во килерот. Невена ја дознава историјата на семејството на Горан, кои биле прогласени за воени профитери и умреле како алкохоличари. Горан кратко по венчавката почнува сè повеќе да пие, Невена е немоќна да го спречи. Мисли дека ако има дете со Горан, ќе се смени нешто. Но зависноста целосно го обзема Горан и тој станува друг човек. Почнува и халуцинира во делириум да доживува, па бараат помош во болница. Тој не соработува, не сака да се откаже од својата зависност, но сепак заминува од болницата. Невена е бремена, но го губи бебето по смртта на татка си, откако доживува стрес. Горан пак почнува со работа и Невена е пресреќна. Но среќата не трае долго. Тој пак се свртува на пијалокот и сè повеќе пропаѓа. Невена е целосно сама препуштена на негата на Горан, кој легнува во кревет. Горан умира и Невена останува сама. Ја примаат на замена во гимназија да предава македонски јазик. Таму го запознава Дејан Медаров, кој ѝ е ученик и кој се заљубува во неа. И покрај сите напори, таа не успева да ја сокрие својата збунетост и неспретност. Набрзо, ситуацијата излегува од контрола и таа добива отказ. Но Дејан не прекинува да ја следи. Неговото семејство се противи на неговата љубов, но тој бега и ја повикува и Невена заедно да избегаат со воз. Сакаат да ја поминат границата за да избегаат од таткото на Дејан кој е милиционер. Но, на границата ги пресретнува гранична патрола и настанува пукотница. Во пукотницата Дејан загинува, но Невена не го препознава оладеното тело како негово. Невена во последната глава кажува дека тројцата ги сакала подеднакво и кога плаче, плаче подеднакво за сите нив. Од тоа произлегува дека плаче како по еден човек. [1]

Наводи уреди

  1. Петре М. Андреевски,Тунел, Скопје:Табернакул,2007 год.

Поврзано уреди