Тргопродукттрговско друштво за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.

Организација и управување уреди

Претпријатието „Тргопродукт“ е организирано како друштво со ограничена одговорност на едно лице (Дооел). Седиштето на претпријатието се наоѓа во струмичкото село Дабиље.[1]

Производство уреди

Во 2019 година, во „Тргопродукт“ работеле вкупно 69 вработени.[2]

Финансиски показатели уреди

Во 2019 година, „Тргопродукт“ остварил вкупен приход од 662 613 957 денари и мерено според овој показател, бил најголемото претпријатие во македонската индустрија за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук. Исто така, „Тргопродукт“ бил најголемото претрпијатие во оваа индустрија и според остварената добивка, која во 2019 година изнесувала 106 327 378 денари.[3]

Наводи уреди

  1. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 56.
  2. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 55.
  3. Кирко Бошкоски, Потребни се структурни промени во млечната индустрија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 56.