Трговски центар
Трговски центар или мол (англиски: mall) — група трговски претпријатија управувани како едно цело и сместени во една зграда или комплекс од згради. Според Меѓународниот совет на трговски центри, трговски центар е група архитектонски обединети малопродажни претпријатија, управувани од една компанија, обезбедени со паркиралиште и сместени на посебно планирано место.

Најголемиот трговски центар во Македонија е „Ист гејт“.[1]
Историја
уредиСовремениот трговски центар произлегува од трговските пасажи од XIX век, кои првпат се појавиле во Европа, особено во Париз. Овие пасажи имале продавници распоредени во нивоа покрај широки премини во галериски стил со стаклени покриви. Првично, тие биле едноставно покриени патеки со стаклени тавани.[2]
Современите трговски центри се појавиле во Соединетите Американски Држави во 1950-тите заедно со растот на предградијата. Архитектот со австриско потекло Виктор Груен е заслужен како нивен пионер. Неговиот дизајн се сосредоточува на големо паркиралиште и голема стоковна куќа опкружена со помали продавници. За да стигнат до паркинг-просторот, посетителите морале да поминат низ овие помали продавници. Груен и неговата фирма, Victor Gruen Associates, проектирале бројни трговски центри низ САД.[3]
До 1990-тите, многу американски трговски центри биле затворени поради економски пад и се оддалечиле од големите трговски центри на затворено. Наместо тоа, „центрите за животен стил“ станале популарни — трговските области на отворено наменети да подражаваат пешачки улици.[4]
Наводи
уреди- ↑ „ВИДЕО: До каде е изградбата на најголемиот трговски центар во Македонија — Еast Gate Mall“. www.vrabotuvanje.com.mk. 2021-09-07. Посетено на 2025-01-24.
- ↑ „Пассажи как архитектурное явление XIX века и их роль в современной архитектуре“. Архивирано од изворникот 2024-03-22. Посетено на 2024-03-22.
- ↑ „Почему покупатели возвращаются в торговые центры“. Архивирано од изворникот 2024-03-22. Посетено на 2024-03-22.
- ↑ „The Dead Malls Story: краткая история заброшенных торговых центров | New-Retail.ru“. new-retail.ru (руски). Посетено на 2025-01-24.
Надворешни врски
уреди„Трговски центар“ на Ризницата ? |