Трајко Кралот

Трајко Кралев Митрев, познат као Трајко Кралот[1] Брничанчето[2] ( 1874, Брник, Битолско - 1911, Симитли, Пиринска Македонија) — македонски револуционер, мариовски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Трајко Кралев Митрев
Трајко Кралот
TrajkoKralia.jpg
Роден 1874
Брник, Битолско
Починал 1911
Симитли, Пиринска Македонија

ЖивотописУреди

Трајко Кралот е роден во 1874 или 1875 година в мариовското село Брник. Се присоединил кон ВМОРО и за време на Илинденското востание бил четник кај прилепскиот војвода Крсто Гермов и кај Иван Кафеџијата.

Во 1904 година Трајко Кралот станал реонски војвода во Мариовско и водел битки со турски аскер и грчки андарти. Грчкиот андарт Петар Сугарев со својата чета му го убиваат целото семејство - татко му, браќата и сестрите, вкупно 10 лица[3]. Истата година Трајко Кралот, Петар Ацев, Ѓоре Спирков - Леништанец и Крсто Гермов се сретнале со Глигор Соколов, кој со фалсификувани документи ги убедил да го пуштат во Македонија.[4] За време на Младотурската револуција заедно со Ѓорѓи Касапчето и Алексо Стефанов дејствувал во Битолско.

Од 1910 година Трајко Кралот дејствувал во реонот на Горна Џумаја, Пиринска Македонија со Дончо Златков. Загинал во битка со Турци во 1911 година крај гратчето Симитли[5][6] или според некои други извори на 27 март 1912 година помеѓу пиринските села Тросково и Дебочица[7].

НаводиУреди

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 79
  2. Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 97.
  3. ΣΦΑΓΗ ΣΤΟ ΜΠΕΡΝΙΚ (ΠΓΔΜ), Συλλογή Φωτογραφιών[мртва врска]
  4. Аврамов, Стоян, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, стр.46]
  5. Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр 578.
  6. Революционната дейность въ Демирхисаръ (битолско) по спомени на Алексо Стефановъ (Демирхисарски войвода). Съобщава Боянъ Мирчевъ (Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ”, София. — Печатница П. Глушковъ. — 1931) Материали за историята на македонското освободително движение, книга XI, стр. 92 - 93.
  7. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 170.