Тракиска гробница во Казанлак

гробница

Тракиската гробница во Казанлак (бугарски: Казанлъшка гробница) е полукружна гробница од цигла во форма на кошница во близина на градот Казанлак во централна Бугарија. Споменикот датира од крајот на 4 век п.н.е., а од 1979 година се наоѓа на списокот на УНЕСКО за заштита на светското наследство.

Тракиска гробница
светско наследство на УНЕСКО
Мадарскиот коњаник
КритериумКултурен: i, iii, iv
Навод44
Запис1979 (3то заседание)
Координати42°37′33″N 25°23′57″E / 42.62576° СГШ; 25.39919° ИГД / 42.62576; 25.39919

Опис

уреди

Гробницата е дел од поголема тракиска некропола. Се состои од тесен ходник и заоблена просторија за погребување, и двете украсени со мурали кои претставуваат тракиски пар за време на ритуална погребна свеченост.

За да се зачуваат цртежите, гробницата е затворена за јавноста, но изградена е реплика во соодветна димензија во близината.[1]

Жената од муралот се наоѓа на задната страна на бугарската монета во вредност од 50 стотинки, од 2005 година.[2]

Гробницата се наоѓа блиску до стариот тракиски главен град Севтополис.

Наводи

уреди
  1. „Bulgaria Travel“. Архивирано од изворникот на 2016-03-30. Посетено на 2016-06-30.
  2. Bulgarian National Bank. Notes and Coins in Circulation: 50 stotinkas. – Посетено на 26 March 2009.