Тополјани
Тополјани (грчки: Χρυσό, Хрисо)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Тополјани Χρυσό | |
---|---|
Црквата „Живоносен Извор“ | |
Координати: 41°3′N 23°38′E / 41.050° СГШ; 23.633° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Довишта |
Надм. вис. | 105 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.571 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 10 километри источно од градот Сер и на 8 километри југозападно од Довишта, на надморска височина од 105 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 500 жители цигани[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1080 Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1075 Грци[5], и функционирало грчко училиште.
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1436 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1551 жител[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 242 жители, додека во 1940 година селото броело 3075 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 3329 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3455 жители, во 1971 година имало 2276 жители, во 1981 година имало 1923 жители, додека во 1991 година имало 1809 жители.[6] Денеска, населението на селото е 1571 жител според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 3075 | 3329 | 3455 | 2276 | 1923 | 1809 | 1020 | 1571 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ од XIX век
- Црква „Живоносен Извор“
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Πεντάπολις
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
- ↑ 6,0 6,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 82.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
уреди- Аероснимки на селото Архивирано на 23 јули 2017 г.
- (грчки) Тополјани Архивирано на 26 април 2017 г.