Тира (митологија)

Тира - личност од старогрчката митологија. Таа била ќерка на Салмонеј.

Субината на ТираУреди

Тира ја обљубил богот Посејдон, земајќи го обликот на речниот бог Енипеј, кого Тира го сакала и често го посетувала. Од тој однос, Тира тајно родила близнаци кои ги ставила во чамец, со намера да ги испрати кај нивниот божествен татко. Но, децата ги нашол некој коњар и ги зел кај себе, давајќи им ги имињата Пелија и Нелеј. Кога Салмонеј дознал за тоа, је затворил ќерка си, а маќеата Сидера немилосрдно ја колнела. На Тира ѝ ја пресечиле косата, ја тепале и таа морала да ги работи најтешките работи. Нејзините маки траеле сè додека нејзините синови не пораснале и еднаш таа ги препознала и се сретнала со нив. Потоа, тие ја ослободиле мајка си, а Сидера ја казниле за нејзините лоши постапки.[1]

Тира како инспирацијаУреди

Тира се јавува како лик во две драми на Софокле, за неа се зборува во ХомероватаОдисеја“ (XI, 235-259), а митот за неа го обработиле и Каркин и Астидамант Помладиот.[2]

НаводиУреди

  1. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 92.
  2. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 92.