Тимомa
Тимома — медицински израз за тумор на градната жлезда. Околу три четвртини од овие тумори се доброќудни и само една четвртина се злоќудни.[1] Злоќудните се нарекуваат тимома или тимичен карцином.
Симптоми
уредиОколу 30 % од пациентите се асимптоматски за време на дијагнозата. Симптомите можат да вклучуваат кашлање, чувство на притисок во градите или отежнато дишење.
Повремено, тимомата може да се утврди со паранеопластичен синдром. Мијастенија гравис се наоѓа во 25 % од сите тимоми, но исто така може да се појават полимиозитис, артритис или Сјогренов синдром, еритроцитна аплазија, џиновски клеточен миокардит, хипогамамаглобулинемија, автоимуни нарушувања на движењето и други автоимуни болести. Причината е често недостаток на генска експресија на генот за автоимун регулатор (AIRE), што ја подобрува нормалната елиминација на автореактивните Т-лимфоцити во градната жлезда.[1]
Тимома може да се посомнева со карциноидната типична тријада на дијареја, црвенило на кожата и срцеви проблеми.
Дијагноза
уредиПоказатели за тимома можат да се забележат на рендген-градите во присуство на нејасна предна медијастинална маса. За да се направи разлика помеѓу доброќудни и злоќудни тумори, секогаш е потребно да се земе примерок од ткиво (биопсија) и да се испита.[2]
Во класификацијата на СЗО, поделено е според морфолошкиот изглед на епителните клетки:
- Тип А — епителните клетки се претежно овални или вретеновидни и личат на нормалните медуларни епителни клетки на тимусот.
- Тип Б — епителните клетки се претежно кружни или многуаголни и личат на нормалните кортикални епителни клетки на тимусот. Во зависност од тежината на цитолошката абнормалност, се прави разлика помеѓу типовите Б1, Б2, Б3 (Б1 — богата со лимфоцити, Б2 — кортикални и Б3 — епителни)
- Тип АБ — карцином на тимус, ако туморот содржи комбинација од двата типа на клетки.
Кортикални епителни клетки на тимусот имаат изобилна цитоплазма, везикуларно јадро со ситно поделен хроматин и мали нуклеоли и цитоплазматски филаменти контактираат соседни клетки. За разлика од нив, тимусните медуларни епителни клетки се во облик на вретено, со овално густо јадро и оскуден тимом на цитоплазма, ако се пронајдат повеќе промени на кортикалните клетки, се смета дека се помалку доброќудни.
Лекување
уредиХируршка интервенција е носител на третманот за тимом. Ако туморот е очигледно инвазивен и голем, може да се користи предоперативн хемотерапија или радиотерапија за да се намали големината, пред да се направи операција. Кога туморот е во рана фаза, не е потребна понатамошна терапија. Отстранувањето на тимусот кај возрасни се чини дека не предизвикува имунолошки дефицит. Кај децата, сепак, после операцијата, имунитетот може да биде абнормален и се препорачуваат вакцинации за неколку инфективни агенси. За инвазивни тимоми може да биде потребен дополнителен третман со радиотерапија и хемотерапија. Рецидивите на тимомот се опишани во 10-30 % од случаите до 10 години по хируршки зафат.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Thomas CR, Wright CD, Loehrer PJ (July 1999). „Thymoma: state of the art“. Journal of Clinical Oncology. 17 (7): 2280–9. doi:10.1200/JCO.1999.17.7.2280. PMID 10561285. S2CID 12621667.
- ↑ van Geffen WH, Sietsma J, Roelofs PM, Hiltermann TJ (December 2011). „A malignant retroperitoneal mass--a rare presentation of recurrent thymoma“. BMJ Case Reports. 2011: bcr0920114737. doi:10.1136/bcr.09.2011.4737. PMC 3229325. PMID 22674945.