Тиангонг (вселенска станица)

Тиангонг (кинески: 天宮; пинјин: Tiāngōng; букв.: "Палата на небото"),[1][2] официјално Вселенска станица Тиангонг (кинески: 天宫空间站; пинјин: Tiāngōng kōngjiānzhàn), е вселенска станица конструирана од Кина во ниската земјина орбита, помеѓу 340 и 450 km над површината. Како прва долгорочна вселенска станица на Кина, таа е целта на „третиот чекор“ на кинеската вселенска програма за носење на екипаж во вселената. Откако ќе биде целосно завршена, Тиангонг ќе има маса помеѓу 80 и 100 t, приближно една петтина од масата на Меѓународната вселенска станица и приближно со големината на деактивираната руска вселенска станица Мир.

Рендеринг на Вселенската станица Тиангонг според сегашната состојба.

Изградбата на станицата се базира врз основа на искуството добиено од нејзините претходници, Тиангонг-1 и Тиангонг-2.[3][4][5] Првиот, односно централниот модул, Тианхе („Хармонија на небото“), бил лансиран на 29 април 2021,[1][2] по што следеле повеќе мисии со и без екипаж, и два други модула кои треба да бидат лансирани во 2022.[3]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име sfn-20210429.
  2. 2,0 2,1 „China launches space station core module Tianhe“. Xinhua. 29 April 2021. The Tianhe module will act as the management and control hub of the space station Tiangong, meaning Heavenly Palace
  3. 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име nsf20210301.
  4. „中国载人航天工程标识及空间站、货运飞船名称正式公布“ [CMSE logo and space station and cargo ship name officially announced] (кинески). China Manned Space Engineering Office. 31 October 2013. Архивирано од изворникот на 4 December 2013. Посетено на 29 June 2016.
  5. Ping, Wu (June 2016). „China Manned Space Programme: Its Achievements and Future Developments“ (PDF). China Manned Space Engineering Office. Посетено на 28 June 2016.