Тејлор Бенџамин Јорк (анг. Taylor Benjamin York; роден 17 декември, 1989) е американски рок гитарист, а моментално е член на алтернативниот рок бенд Paramore. Тој свири на клавијатура и глокенспил за време на нивните настапи во живо. Негов брат е Џастин Јорк, член на турнеите на бендот Relient K.

Taylor York Тејлор Јорк
Основни податоци
Родено имеТејлор Бенџамин Јорк
Роден(а)17 декември 1989(1989-12-17)(34 г.)
Нешви, САД
Жанр(ови)Алтернативен рок, поп панк
Занимање/њаМузичар, Гитарист, Текстописец
ИнструментиГитара, Клавијатура, Глокенспил, Перкусије, Тапани, Кларинет
Години на активност2001–сега
Мрежно местоParamore.net

Животопис уреди

Тејлор Јорк е роден на 17 декември, 1989, во Нешвил, Тенеси. Тој отпрвин свирел на ритмичка гитара во бендот Paramore, но откако Џош Фаро и Зек Фаро го напуштиле бендот тој станал главен гитарист. Негов брат е Џастин Јорк кој е член на Cecil Adora. Татко на Тејлор е Питер Јорк кој исто така е гитарист и ги научил и Џастин и Тејлор да свират на гитара. Јорк бил дел од бендот на браќата Фаро (Џош Фаро и Зек Фаро) пред тие да се запознаат со Хејли Вилијамс и пишувал песни за бендот, како што е песната „Conspiracy“ од нивниот прв албум, All We Know Is Falling. Јорк свирел за Paramore како член на нивните турнеи (2007-2009) но всушност никогаш не бил официјален член на бендот, сè до 15 јуни, 2009 година кога преку LiveJournal-от на бендот било кажано дека тој е официјален член.[1][2]

Влијанија уреди

Јорк кажал дека негови омилени бендови се mewithoutYou, Radiohead, Jimmy Eat World, Yann Tiersen, At the Drive-In, Bjork, Kadawatha, Paper Route и You Me at Six.[3]

Paramore уреди

Тејлор почнал да свири на ритмичка гитара за бендот откако Хантер Ламб го напуштил Paramore.

Наводи уреди

  1. „Paramore“. mtv.com. Посетено на 2007-08-18.
  2. - Rocklouder
  3. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-02-21. Посетено на 2011-02-16.

Надворешни врски уреди