Теудерик IV (Теодорик) роден во 713 починат во 737, бил крал на Франките. Тој владеел од 721 до 737.

Теудерик IV
Крал на Франките
Portrait Roi de france Thierri II (i.e. IV).jpg
Теудерик IV крал на Франција » од Жан Дасие (1676-1763). Национална библиотека на Франција. Белешка : Ова е замислена претстава и не одговара на историската реалност.
На престол721-737
ПретходникХилперик II
(Обединување на сите франкиски кралства)
НаследникИнтерегнум (Хилдерик III)
ДинастијаМеровинзи
ТаткоДагоберт III

По смртта на неговиот татко Дагоберт III, во 715, бил затворен во опатијата во Шел, потоа во Шато-Тјери. Кога кралот Хилперик II умрел без наследник во 721, Карло Мартел го повикал Теудерик IV, и го наместил на престолот. Меѓутоа, во тек на целото негово владеење, Карло Мартел продолжува да ја има реалната извршна и законодавна моќ како негов мајордом. Теудерик IV не учествувал во ниедна битка за одбрана на границите на империјата.

По неговата смрт во 737, престолот на кралството на Франките останал празен сè до 743. Пипин Малиот потоа за крал го поставил Хилдерик III, последниот меровиншки крал.

ИзвориУреди

- Поглавје 10 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :

Тогаш умре кралот Клотар. Карло, преку посредници, ги прими Одо и таканаречениот крал Хилперик. Овој дојде во Ноајон и по кратко време, го снема од живите и од престолот: Умре откако владееше шест години. По неговата смрт на престолот го ставија кралот Теудерик, кој сега седи на кралскиот престол и има уште години за живеење [...].


ПоврзаноУреди