Теудерик II (крал)
Теудерик II исто така нарекуван и Теодорик II (587 - 613) е крал на Бургундија (595 - 613) и на Австразија (612 - 613). Тој е син на Хилдеберт II и на кралицата Фалеба, и внук на Брунхилда (543 - 613).
ЖивотописУреди
Пораснат во Алзас потоа именуван за крал на Бургундија по смртта на неговиот татко, не успева во обидот да ја земе Австразија, кралството на неговиот постар брат Теодеберт II (585-612), поради што во 610 меѓу нив започнува братоубиствена војна.
Откако кралицата Брунхилда била избркана од дворецот на Австразија, тој ја земал под негова заштита заедно со неговата помлада сестра Теодилана.
Во 607 се оженил со ќерката на визиготскиот крал Витерик, принцеата Ерменберга, со којашто се развел и му ја вратил на татко и. Добил четири сина од неколку негови конкубини, Сигеберт, Корбус, Хилдеберт и Меровех по што бил осуден од страна на Св. Коломбан кој одбил да ги благослови неговите деца под изговор дека биле "родени од проститутки".
Теудерик II го победил својот постар брат во Битката кај Тул и кај Толбијак во 612, по што го освоил кралството на Австразија убивајќи го брата си и неговиот син Меровех.
Но тој умрел една година подоцна, во 613, или од отров или од дизентерија[1], оставајќи го своето кралство на синот Сигеберт II кој воопшто не владеел бидејќи бил заробен со брат му Корбус а потоа и двајцата биле убиени по наредба на Клотар II. За судбината на Хилдеберт не се знае додека последниот од синовите, Меровех, по наредба на Клотар II, бил затворен во некој манастир до крајот на неговиот живот.
После елиминацијата на синовите на Теудеберт II и погубувањето на старата кралица Брунхилда во 613, Клотар II кралствата на Австразија и на Бургундија ги припоил кон Неустрија станувајќи на тој начин единствен крал на Франките.
ИзвориУреди
- Frédégaire, Chronique des Temps Mérovingiens.
Надворешни извориУреди
Les rois des Francs - LES MEROVINGIENS (481 - 639)
- Wallace-Hadrill, J.M., translator. The Fourth Book of the Chronicle of Fredegar with its Continuations Connecticut: Greenwood Press, 1960.
Теудерик II (крал) Роден(а): 587 Починал(а): 613
| ||
Претходник Хилдеберт II |
Крал на Бургундија 595–613 |
Наследник Сигеберт II |
Претходник Теодеберт II |
Крал на Австразија 612–613 |