Теудерик I[1] (c.485 – 533/4) бил меровиншки крал на Мец, Ремс, или Аустразија од 511 до 533 или 534.

Приказ на Теудерик I од 18 век, од Жан Дасие

Тој бил син на Клодовик I со една од неговите први жени или конкубини. Го наследил Мец во 511 по смртта на неговиот татко. Во согласност со салиската традиција, кралството било поделено меѓу четирите сина на Клодовик: Хилдеберт I во Париз, Хлодомер во Орлеан, и Клотер I во Соасон. На почеток на своето владеење, го испратил својот син Теудеберт да се бори со скандинавскиот крал Хлохилек (Хигелак од Beowulf fame) кој го нападнал неговото кралство. Теудеберт го поразил и го убил Хлохилек.

Поделбата на Галија по смртта на Клодовик.

Теудерик се замешал во војната меѓу турингискиот крал Херманфрид и единствениот негов преживеан брат : Бадерик. Во замена за неговата помош, Теудерик требал да добие половина од кралството. Бадерик бил поразен, но земјата што му била ветена на Теудерик не му била дадена.

Тогаш сите четири сина на Клодовик се бореле со Зигизмунд од Бургундија и Годомар, кралеви на Бургундите. Годомар побегнал а Зигизмунд бил заробен од страна на Клодомир. Теудерик се оженил со ќерката на игизмунд. Годомар ја обединил бургундската војска и повторно си го вратил кралството. Клодомир, помогнат од Теудерик, го поразил Годомар, но умрел во Битката кај Везеронс.

Тогаш Теудерик, со брат му Клотер и неговиот син, ја нападнале Турингија за да му се одмаздат на Херманфрид. Турингија била освоена а Клотер ја добил Радегунда, ќерката на кралот Бертар (починатиот брат на Херманфрид). Откако направил спогодба со брат му Хилдеберт, Теудерик умрел во 534. По неговата смрт престолот на Мец преминал во наследство на Теудеберт. Теудерик имал исто така и ќерка, Теодехилда, од неговата жена Суавегота, ќерката на Зигизмунд од Бургундија.

Понатамошни четиваУреди

БелешкиУреди

  1. Исто така изговаран и како Теудерик, Теодерик, или Теодорик; на француски, Thierry (Тјери)
Теудерик I
Роден(а): 490s Починал(а): 534
Претходник
Клодовик I
Крал на Ремс
511–534
Наследник
Теудеберт I