Отвори го главното мени

Тернезен (холандски: Terneuzen) — град и општина во југозападниот дел на Холандија, во покраината Зеланд, во средина на Зеландска Фландрија. Со повеќе од 55.000 жители, таа е најнаселената општина во Зеланд.

Тернезен
Општина
Градско собрание на Тернезен
Градско собрание на Тернезен
Знаме на Тернезен
Знаме
Грб на Тернезен
Грб
Местоположба во покраината Зеланд
Местоположба во покраината Зеланд
Координати: 51°20′N 3°50′E / 51.333° СГШ; 3.833° ИГД / 51.333; 3.833Координати: 51°20′N 3°50′E / 51.333° СГШ; 3.833° ИГД / 51.333; 3.833
ДржаваХоландија
ПокраинаЗеланд
Управа[1]
 • ОрганОпштински совет
 • ГрадоначалникЈан Лонинк (PvdA)
Површина[2]
 • Вкупна317,76 км2 (12,269 ми2)
 • Земјишна250,65 км2 (9,678 ми2)
 • Вода67,11 км2 (2,591 ми2)
Надм. вис.[3]&100000000000000040000004 м
Население (мај 2014)[4]
 • Вкупно54.771
 • Густина219/км2 (570/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски бројДел од 4500
Повикувачки број0115
Мреж. местоterneuzen.nl

Населени местаУреди

Тернезен (население: 24.150), Аксел (8.274), Сас ван Гент (4.000), Замслаг (3.018), Хук (3.000), Кувахт (2.700), Слуискил (2.700), Филипине (2.200), Вестдорпе (2.028), Бирвлит (1.671), Зуидорпе (1.000), Зандстрат (379), Спуи (300), Оверслаг (250).

ТопографијаУреди

 

Град ТернезенУреди

Градот Тернезен се наоѓа на јужниот брег на естуарот на Западна Шелда. До остатокот на Холандија може да се стигне преку тунелот „Западна Шелда“ отворен во март 2003 година. Тернезен не е поврзан со остатокот на Холандија со железница — иако фабриката Дау Кемикал е опслужувана од единствената товарна железничка линија до Гент во Белгија (патничката железничка линија до Тернезен била укината во 1951 година).

Прв пат бил споменат во 1325 година, Тернезен бил стратешко пристаниште до Гент, во денешна Белгија. Денес, Каналот Гент-Тернезен е сè уште важна бродска рута. Пристаништето во Тернезен е третото најголемо во Холандија, по оние во Ротердам и Амстердам. Најголемата фабрика на Дау Кемикал Компани надвор од САД е сместена во Тернезен, на западната страна на Каналот Гент-Тернезен.

Традицијата вели дека Тернезен некогаш бил дом на легендарниот Летачки Холанѓанин, Ван дер Декен, капетан кој го опцул Господ и бил проколнат засекогаш да плови по морето, како што е опишано во романот „Фантомски брод“ од Фредерик Марјат и операта „Летачки Холанѓанин“ на Рихард Вагнер.

Добил градски права во 1584 година. Пред 1877 година, градот често бил нарекуван Незен.

Познати жителиУреди

НаводиУреди

  1. „Burgemeester en Wethouders“ [Mayor and aldermen] (холандски). Gemeente Terneuzen. конс. 17 декември 2013. 
  2. „Kerncijfers wijken en buurten“ [Key figures for neighbourhoods]. CBS Statline (холандски). Централна статистичка служба. 2 јули 2013. конс. 12 март 2014. 
  3. „Postcodetool for 4531GZ“. Actueel Hoogtebestand Nederland (холандски). Het Waterschapshuis. конс. 17 декември 2013. 
  4. „Bevolkingsontwikkeling; regio per maand“ [Population growth; regions per month]. CBS Statline (холандски). Централна статистичка служба. 26 јуни 2014. конс. 24 јули 2014. 

Надворешни врскиУреди