Тенис на Летните олимписки игри 2004 – мажи поединечно

Тенис на Летните олимписки игри 2004 - мажи поединечно — дел од тениската програма на Летните олимписки игри 2004 која се оджала во периодот од 15 до 22 август на Атинскиот олимписки тениски центар во Атина, Грција. На натпреварот учествувале вкупно 64 натпреварувачи од 32 земји, при што секоја нација имала до 4 играчи[1].

Тенис поединечно - мажи
на Летните олимписки игри 2004
TennisAt2004SummerOlympics-1.jpg
Тенис на Летните олимписки игри 2004
ОдржувалиштеАтински олимписки тениски центар
Денови15 август – 22 август
Натпреварувачи64 од 32 земји
Медалисти
Gold medal 
Silver medal 
Bronze medal 
«20002008»

Евгениј Кафелников бил бранител на златниот медал, кој го освоил со победата на турнирот во 2000 година во Сиднеј проти Томи Хас. Кафелников се пензионирал во 2003 година и не бил во можност да учествува на оваа олимпијада а со тоа и да го одбрани златниот медал. Николас Масу од Чиле го победил Марди Фиш од САД со 6-3, 3–6, 2–6, 6–3, 6–4 во финалето и го освоил златниот медал во машка конкуренција на Летните олимписки игри 2004. Единствено последниот натпревар бил одигран во систем подобар во три добиени сета; сите други завршиле во два добиени сетови. Натпреварот за бронзен медал резултирал со успех на уште еден чилеанец: Фернандо Гонсалес го победил американецот Тејлор Дент.

Најголемото изненадување се случило уште во првото коло кога Јиржи Новак ја искористил непостојаната игра на Тим Хенман во тковната календарска година, совладувајќи го во два сета 6-3, 6-3. Второто коло донело уште неколку шокантни елиминации на фаворитите, но ниту една поголема од поразот на светскиот рекет број еден, Роџер Федерер, кој бил елиминиран од чехот Томаш Бердих, рангиран на 74-тото место на АТП листата. Надежите за златен медал на поранешните светски играчи број еден Хуан Карлос Фереро и Марат Сафин, исто така исчезнале брзо по раните елиминации на турнирот. Двата медали на чилеанските тенисери биле први за оваа јужноамериканска земја во машка поединечна конкуренција.

ПозадинаУреди

Машки турнир во поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2004 година се одржал во Олимпискиот тениски центар во Атина, Грција во периодот од 15 до 22 август 2004 година[2]. Тенисот бил еден од оригиналните спортови на Летните олимписки игри во 1896 година. Тенисот бил повлечен по Летните олимписки игри во 1924 година поради несогласувања помеѓу раководното тело на спортот, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) и независната олимписка организација, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) околу тоа како да се дефинираат спортистите-аматери. МОК го вратил тенисот во олимписката програма како демонстративен спорт на Летните олимписки игри во 1968 година и Летните олимписки игри во 1984 година пред да се врати како спорт, отворен за сите играчи на Летните олимписки игри во 1988 година[2]. Турнирот во 2004 година бил 12-ти официјален настан за медал во поединечна машка конкуренција.

Се вратиле петмина од осум четвртфиналисти на турнирот од 2000 година: освојувачот на сребрениот медал Томи Хас од Германија, четвртопласираниот Роџер Федерер од Швајцарија и тројца елиминирани во четвртфиналето: Макс Мирни од Белорусија, Хуан Карлос Фереро од Шпанија и Густаво Киртен од Бразил.

Алжир, Кинески Тајпеј и Кипар го имале своето деби на овој настан. Франција го забележала својот 11-от настап, најмногу меѓу сите нации, претходно пропуштајќи го единствено турнирот на олимпијадата во 1904 година.

КвалификацииУреди

Квалификациите за единствениот турнир биле ограничени на четири играчи по Национален олимписки комитет (НОК), организација што претставува земја на Олимписките игри. На националните тениски здруженија, кои биле членки на ИТФ пред 1 јануари 2004 година, им било дозволено да номинираат играчи за влез во турнирот. На турнирот учествувале вкупно 64 играчи. Секој НОК кој имал повеќе од четири играчи кои можеле да се квалификуваат по овој метод, биле охрабрени тие самите да ги изберат своите највисоко рангирани играчи со право да се натпреваруваат на турнирот. Останатите 14 биле квалификувани преку вајлд карта: осум биле избрани на нивниот светски пласман и останатите шест биле избрани врз основа на нивното светско рангирање, без разлика дали нивната земја има репрезентација во тенис, бројот на играчи кои биле во Атина или нивната географска положба[3][4].

Играчите кои заработиле автоматски влез во ждрепката и кои се повлекле од натпреварувањето поради болест, повреда или ужаленост пред полноќ на 7 август биле заменети со една од нивната матична земја. Доколку не го сторат тоа, тогаш ИТФ имал право да избира највисоко рангиран номиниран играч или квалификуван натпреварувач ако некоја земја имала повеќе од четворица играчи на турнирот[2][4].

ПрегледУреди

Шеснаесет играчи добиле номинација според нивната последна позиција на светската ранг-листа на ИТФ[4]. Шампионот од Вимблдон во 2003 година, Роџер Федерер бил прв носител, Енди Родик бил втор носител, Карлос Моја бил трет носител и Тим Хенман бил четврти носител[5]. Мартин Веркерк, вицешампион на Ролан Гарос во 2003 година, се здобил со повреда на мускулот на градниот кош, поради што побарал да се повлече од турнирот. Тој бил заменет од Вејн Артурс[6]. Светскиот рекет број три Корија имал повреда на десното рамо и се повлечел од натпреварувањето, а неговото место кое го зазел светскиот рекет број 40 Маријано Забалета[7][8]. Светскиот рекет број пет и шампион на Ролан Гарос во 2004 година, Гастон Гаудио ја влошил пострауматската повреда на десната пета и болката на десното рамо играјќи на турнирот во Синсинати во 2004 година и станал вториот аргентинец кој се повлекол од натпреварувањето. Неговиот сонародник и светски тенисер број 50 Агустин Калери го заменил[9]. Давид Налбандијан, вицешампион на Вимблдон во 2002 година, се повлекол со напнат лев бут и тој бил третиот аргентински играч што го напуштил турнирот. Фредерик Нимаер го заменил на ждрепката[10]. Повредата на десниот зглоб предизвикало Иракли Лабадзе да се повлече од турнирот и тој бил заменет од Владимир Волтчков, полуфиналист на Вимблдон од 2000 година[11].

Печатот Федерер го сметал за силен фаворит пред турнирот[12][13]. Хенман, кој настапил на две претходни Олимписки игри, ги коментирал неговите шанси за победа, „Федерер влегува како фаворит на турнирот, нема сомневање во тоа. И [Енди] Родик ќе ги има своите шанси поради тврдиот терен. Но, јас ги победив и двајцата оваа година, па ако можам да останам здрав и да го извршам предвидениот план за игра, тогаш има шанса и за мене. Ве лажам ако кажам дека не сум сонувал да го освојам златниот медал“[14]. Родик ја искористил својата прес-конференција пред турнирот за да изјави дека сака да освои медал на Олимписките игри и дека е загрижен за неговиот противник во првото коло[15].

Поени за рангирањеУреди

Распределбата на рангирачките поени е прикажано подолу:[16]

АТМ рангирање

  • Носител на златен медал: 400
  • Носител на сребрен медал: 280
  • Носител на бронзен медал: 205
  • Другиот полуфиналист: 155
  • Четвртфиналист: 100
  • Трет круг: 50
  • Втор круг: 25
  • Прв круг: 5

  • Носител на златен медал: 80
  • Носител на сребрен медал: 56
  • Носител на бронзен медал: 41
  • Другиот полуфиналист: 31
  • Четвртфиналист: 20
  • Трет круг: 10
  • Втор круг: 5
  • Прв круг: 1


ФорматУреди

Натпреварот претставува турнир во една елиминација со натпревар за бронзен медал. Натпреварите се воделе до три сета. најдобри од три сета. Времињата се според грчкото време (UTC+2)

РаспоредУреди

Распоредот бил преправен во споредба со претходните игри, така што овојпат тенискиот турнир траел само 8 наместо 11 дена.

Дата Време Рунда
Недела, 15 август 2004
Понеделник, 16 август 2004
1. коло
Вторник, 17 август 2004 2. коло
Среда, 18 август 2004 Осминафинале
Четврток, 19 август 2004 Четвртфинале
Понеделник, 20 август 2004 17:00 Полуфинале
Сабота, 21 август 2004 17:00 Натпревар за бронзен медал
Недела, 22 август 2004 Финале

МедалистиУреди

Злато Сребро Бронза
Николас Масу
  Чиле
Марди Фиш
  САД
Фернандо Гонсалес
  Чиле

НосителиУреди

  1.   Швајцарија Роџер Федерер (Второ коло)
  2.   САД Енди Родик (Трето коло)
  3.   Шпанија Карлос Моја Четвртфинале)
  4.   Велс Тим Хенмен (Прво коло)
  5.   Шпанија Хуан Карлос Фереро (Второ коло)
  6.   Аргентина Давид Налбандијан (откажување)
  7.   Германија Рајнер Шутлер (Прво коло)
  8.   Франција Себастијан Грожан Четвртфинале)

  1.   Русија Марат Сафин (Второ коло)
  2.   Чиле Николас Масу (златен медал)
  3.   Аргентина Хуан Игнасио Чела (Прво коло)
  4.   Тајланд Парадорн Шричапан (Прво коло)
  5.   Романија Андреј Павел (Прво коло)
  6.   Германија Николас Кифер (Трето коло)
  7.   Шпанија Томи Робредо (Трето коло)
  8.   Чиле Фернандо Гонсалес (Бронзен медал)

Ждрепка[17]Уреди

ЗавршницаУреди

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                           
       Томаш Бердих (CZE) 4 1    
     Тејлор Дент (USA) 6 6    
       Тејлор Дент (USA) 65 1    
  10    Николас Масу (CHI) 77 6    
3    Карлос Моја (ESP) 2 5  
  10    Николас Масу (CHI) 6 7    
    10    Николас Масу (CHI) 6 3 2 6 6
       Марди Фиш (USA) 3 6 6 3 4
       Марди Фиш (USA) 6 6    
     Михаил Јужни (RUS) 3 4    
     Марди Фиш (USA) 3 6 6
  16    Фернандо Гонсалес (CHI) 6 3 4     Натпревар за бронзен медал
8    Себастијан Грожан (FRA) 2 6 2
  16    Фернандо Гонсалес (CHI) 6 2 6          Тејлор Дент (USA) 4 6 14
  16    Фернандо Гонсалес (CHI) 6 2 16


Горна половинаУреди

Група 1Уреди

Прв круг   Втор круг   Трет круг   Четвртфинале
1    Швајцарија Р. Федерер 6 5 6  
   Русија Н. Давиденко 3 7 1     1    Швајцарија Р. Федерер 6 5 5  
   Чехословачка Т. Бердих 6 7      Чехословачка Т. Бердих 4 7 7  
   Германија Ф. Мајер 3 5          Чехословачка Т. Бердих 7 4 8  
   Франција Ф. Санторо 6 6       15    Шпанија Т. Робредо 62 6 6  
   Италија Ф. Воландри 1 2        Франција Ф. Санторо 6 3 4
   Алжир Л. Вахаб 3 4   15    Шпанија Т. Робредо 1 6 6  
15    Шпанија Т. Робредо 6 6          Чехословачка Т. Бердих 4 1
12    Тајланд П. Шричапан 2 3          САД Т. Дент 6 6
   Шведска Ј. Јохансон 6 6        Шведска Ј. Јохансон 63 4  
   Ерменија С. Саргсјан 3 2      Хрватска И. Љубичиќ 7 6  
   Хрватска И. Љубичиќ 6 6          Хрватска И. Љубичиќ 4 4
   Словачка Д. Хрбати 6 6          САД Т. Дент 6 6  
   Мароко Ј. ел-Ајнави 3 4        Словачка Д. Хрбати 64 3
   САД Т. Дент 6 3 6      САД Т. Дент 7 6  
   Канада Ф. Нимејер 2 6 4  

Група 2Уреди

Прв круг   Втор круг   Трет круг   Четвртфинале
3    Шпанија К. Моја 7 67 9  
   Шведска Т. Енквист 68 7 7     3    Шпанија К. Моја 6 7  
   Австралија М. Филипусис 6 0 1      Белгија О. Рохус 0 63  
   Белгија О. Рохус 3 6 6       3    Шпанија К. Моја 4 7 6  
   Франција А. Клеман 7 6          Хрватска И. Карловиќ 6 63 4  
   Еквадор Н. Лапенти 65 2        Франција А. Клеман 64 6 4
   Хрватска И. Карловиќ 6 610 6      Хрватска И. Карловиќ 7 4 6  
13    Романија А. Павел 4 7 2       3    Шпанија К. Моја 2 5
10    Чиле Н. Масу 6 5 6       10    Чиле Н. Масу 6 7
   Бразил Г. Киртен 3 7 4     10    Чиле Н. Масу 7 6  
   Австрија Ј. Мелцер 0 1      САД В. Спејди 63 2  
   САД В. Спејди 6 6       10    Чиле Н. Масу 6 64 6
   Аргентина А. Калери 2 6 8          Русија И. Андреев 3 7 4  
   Словачка К. Бек 6 3 6        Аргентина А. Калери w/o
   Русија И. Андреев 65 7 6      Русија И. Андреев  
7    Германија Р. Шутлер 7 62 2  

Група 3Уреди

Прв круг   Втор круг   Трет круг   Четвртфинале
5    Шпанија Х. К. Фереро 6 6  
   Мароко Х. Арази 3 1     5    Шпанија Х. К. Фереро 6 65 4  
   САД М. Фиш 7 1      САД М. Фиш 4 7 6  
   Шведска Ј. Бјеркман 67 0 r          САД М. Фиш 6 4 6  
   Финска Ј. Нијеминен 6 6          Белгија М. Мирни 3 6 1  
   Тајван Ј. Лу 3 3        Финска Ј. Нијеминен 3 4
   Белгија М. Мирни 3 7 6      Белгија М. Мирни 6 6  
11    Аргентина Х. И. Чела 6 60 4          САД М. Фиш 6 6
14    Германија Н. Кифер 6 6          Русија М. Јужни 3 4
   Белгија В. Волчков 2 4     14    Германија Н. Кифер 6 3 6  
   Франција Г. Кара 7 65 5      Кипар М. Багдатис 2 6 3  
   Кипар М. Багдатис 5 7 7       14    Германија Н. Кифер 3 6 2
   Русија М. Јужни 6 6          Русија М. Јужни 6 2 6  
   Белгија К. Малис 2 2        Русија М. Јужни 6 6
   Чехословачка Ј. Новак 6 6      Чехословачка Ј. Новак 4 3  
4    Велс Т. Хенмен 3 3  

Група 4Уреди

Прв круг   Втор круг   Трет круг   Четвртфинале
8    Франција С. Грожан 6 7  
   Перу Л. Орна 2 5     8    Франција С. Грожан 7 6  
   Романија В. Ханеску 4 64      Австралија У. Артурс 62 3  
   Австралија У. Артурс 6 7       8    Франција С. Грожан 64 6 6  
   Шведска Р. Седерлинг 3 6 4          Шпанија Ф. Лопес 7 4 0  
   Шпанија Ф. Лопес 6 3 6        Шпанија Ф. Лопес 7 6
   Словачка К. Кучера 0 4   9    Русија М. Сафин 64 3  
9    Русија М. Сафин 6 6       8    Франција С. Грожан 2 6 4
16    Чиле Ф. Гонсалес 7 6       16    Чиле Ф. Гонсалес 6 2 6
   Грција К. Икономидис 62 2     16    Чиле Ф. Гонсалес 7 6  
   Аргентина М. Сабалета 6 3 2      Јужна Кореја Ли Хун-тенк 5 2  
   Јужна Кореја Ли Хун-тенк 4 6 6       16    Чиле Ф. Гонсалес 6 6
   Хрватска М. Анчиќ 1 5       2    САД Э. Родик 4 4  
   Германија Т. Хас 6 7        Германија Т. Хас 6 3 7
   Бразил Ф. Сарета 3 64   2    САД Э. Родик 4 6 9  
2    САД Э. Родик 6 7  

НаводиУреди

  1. „Singles, Men“. Olympedia. Посетено на 22 December 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Tennis Event at the 2004 Olympic Games – Media Guide“ (PDF). International Tennis Federation. 2004. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  3. „Qualification“ (PDF). International Tennis Federation. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Olympic Tennis Event 2004 – Regulations“ (PDF). International Tennis Federation. стр. 4–7, 11 & 17–18. Архивирано од изворникот (PDF) на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  5. „Henin-Hardenne, Federer top Olympic seeds“. United Press International. 11 August 2004. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale In Context: Biography.
  6. „Arthurs gets last-ditch Olympics berth“. ABC News. 11 August 2004. Архивирано од изворникот 27 October 2016. Посетено на 20 March 2020.
  7. „Injured Coria misses Olympic games“. CNN. 5 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  8. „Coria to miss Olympics“. BBC Sport. 4 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  9. „Argentina's hopes fade as Gaudio is injured“. ABC News. 7 August 2004. Архивирано од изворникот на 27 October 2016. Посетено на 20 March 2020.
  10. „Olympic Highlights – Tennis“. CBS News. Associated Press. 15 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  11. „2000 Wimbledon semifinalist steps in“. ESPN. Associated Press. 13 August 2004. Архивирано од изворникот 21 August 2004. Посетено на 21 March 2020.
  12. Clarey, Christopher (13 August 2004). „Every continent offers potential global stars; Athens 2004“. International Herald Tribune. стр. 26. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  13. Schlink, Leo (10 August 2004). „The Olympian Athens 2004; Tennis“. The Advertiser. стр. L19. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  14. Hodgkinson, Mark (13 August 2004). „Henman must prove his intent“. The Daily Telegraph. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  15. Maher, John (13 August 2004). „Roddick chasing gold, but so is No. 1 Federer“. Austin American-Statesman. стр. C7. Посетено на 20 March 2020 – преку Gale OneFile: News.
  16. „Ranking Points“. International Tennis Federation. Архивирано од изворникот на 23 August 2004. Посетено на 20 March 2020.
  17. „Tennis at the 2004 Athina Summer Games: Men's Singles“. Sports Reference. Архивирано од изворникот на 26 April 2009. Посетено на 20 March 2020.

Надворешни врскиУреди