Тајландски јазик

главен јазик во Тајланд
(Пренасочено од Тајски јазик)

Тајландски јазик или тајски јазик (ภาษาไทย, мктр. паса тај [pʰāːsǎː tʰāj] ( слушнете)), поточно централен тајски[2] или сијамски — државен и службен јазик на Тајланд и мајчин јазик на Тајланѓаните (Тајци). Спаѓа во групата на тајски јазици во рамките на крадајското јазично семејство (тај-кадај). Некои зборови во тајландскиот се позајмени од пали, санскрит и старокмерскиот. Тајландскиот е тонски и аналитички јазик. Има сложен правопис и разни зборови за односно означување. Тајландскиот е заемно разбирлив со лаоскиот јазик.[3]

Тајландски
ภาษาไทย паса тај
Сијамски
Изговорpʰāːsǎː tʰāj
Застапен воТајланд, северна Малезија, Камбоџа, јужна Бурма, Лаос, САД, Канада, Франција, Англија, Австралија
НародТајланѓани
Говорници26 милиони  [1]
вкупно: 60 милиони (2001)
Јазично семејство
крадајско
Писмотајландска азбука
Статус
Службен воТајланд
Регулативен органКралски институт
Јазични кодови
ISO 639-1th
ISO 639-2tha
ISO 639-3tha
Linguasphere47-AAA-b
{{{mapalt}}}

Јазици и дијалекти

уреди
 
Камен натпис на кралот Рам Камхенг напишан на првобитно тајско писмо

Тајландскиот е службен јазик на Тајланд и има 20 говорници (2000).[4] Стандардниот (литературен) тајландски се заснова на варијантата што ја говореле образованите класи во Бангкок.[5][6] Коратскиот тајски јазик го говорат околу 400.000 луѓе (1984) во покраината Нахон Ратчасима; зазема лингвистичка положба на дијалектен континуум некаде помеѓу сијамскиот и исанскиот, а може да се смета и за варијанта на двата.

Покрај сијамскиот тајски јазик, во Тајланд се говорат и други сродни тајски јазици, како:[7]

  • исански (североисточен тајски) - јазикот на областа Исан во Тајланд, социокултурно засебен мешан тајско-лаоски дијалект што се пишува со тајско писмо. Има 15 милиони говорници (1983).
  • галунг - застапен во покраината Након Паном во североисточен Тајланд.
  • севернотајски - има околу 6 милиони говорници (1983) во поранешното независно кралство Лана.
  • њо - застапен претежно во покраините Након Паном, Сакон Након, Удон Тани во североисточен Тајланд.
  • пуански - се говори во централен Тајланд, Исан и северен Лаос, со непознат број на говорници.
  • путајски - со 156.000 говорници околу покраината Након Паном (1993).
  • пански - застапен со 56.000 говорници во северозападен Тајланд долж границата со некогашните Шански кнежевства на Бурма (1993).
  • сонг - со 20.000 - 30.000 говорници во централен и северен Тајланд (1982).
  • јужнотајски - има околу 5 милиони говорници (1990).
  • црнотајски (тајдамски) - со 20.000 говорници (1991) во Исан и покраината Сарабури.
  • ле (тај ле, дајски) - застапен со 78.000 говорници (1993) во северен Тајланд.

Во рамките на Тајланд се говорат и разни други јазици што не се сродни на тајските. Во деловите близу Лаос и Бурма живеат ридски родовски народности што говорат хмонгмјенски (јао), каренски, лису и други јазици. Во деловите близу Камбоџа е застапен кмерскиот, а во средишниот дел на покраината Супанбури се говори јазик од мон-кмерското семејство наречен суај (ส่วย) гуај или куај (กวย).[8]

Сијамскиот тајски јазик е составен од неколку посебни стилови на говор (регистри), секој прикладен за поинаков општествен контекст:

  • уличен или обичен (ภาษาพูด = говорен тајски): неформален, без учтиви обраќања. Се користи за општење со блиски роднини и пријатели.
  • отмен или формален (ภาษาเขียน = пишан тајски): службена и литературна варијанта, со учтиви обраќања; се користи во весниците, во упростен облик.
  • беседнички: се користи за јавно говорење.
  • верски: (со големи влијанија од санскрит и пали) се користи кога се зборува за будистички работи и обраќање кон монаси.
  • кралски (ราชาศัพท์): (со влијанија од кмерскиот) се користи за обраќање кон кралското семејство и кога се зборува за нивните активности.

Писмо

уреди
 
Стари книги во традиционален долгнавест облик призврзани во снопови.

Се смета дека тајландската азбука води потекло од кмерското писмо, кое пак е создадено по углед на староиндиското брамско писмо. Како и самиот јазик, тајландската азбука е сродна на лаоската. Ги има следниве одлики:

  1. писмото е азбучнослоговно (абугида), каде поздразбраната самогласка е кратко /a/ кај слоговите што не завршуваат на согласка и кратко /o/ кај слоговите што завршуваат на согласка.
  2. Тонските надредни знаци се ставаат над почетната согласка во слогот.
  3. Самогласките што доаѓаат по согласка не се доследни: можат да бидат пред, по, над или под согласката, или пак некоја комбинација од тие положби.

Азбуката најчесто се транскрибира на латиница со системот општа кралска тајландска транскрипција (RTGS) на Кралскиот институт на Тајланд.[9] Освен запредавање на поими и имиња, во рамките на Тајланд, системот наоѓа примена на патни знаци. Најголема мана му е тоа што не ја претставува должината на тоновите и самогласките.

Граматика

уреди

Од типолошка гледна точка, тајландскиот е аналитички јазик. Збороредот е од типот „подмет–глагол–предмет“, со тоа што подметот честопати се испушта. Заменките зависат од родот и општествената положба на говорникот во однос на слушателот.

Придавки и прилози

уреди

Во јазикот не постои морфолошка разлика помеѓу прилози и придавки. Многу зборови можат да ги вршат двете функции. Ваквите зборови се ставаат по зборовите што ги менуваат, како именка, глагол или друга придавка или прилог. Интензитетот се искажува со удвојвуање на зборот, и има значење „многу“ (првото со повисок тон) или „прилично“ (двете со ист тон) (Higbie 187-188). Удвојувањето не се врши повеќе од еднаш во една проста реченица.

  • คนอ้วน (khon uan, [kʰon ʔûan ]) дебел човек
  • คนอ้วน ๆ (khon uan uan, [kʰon ʔûan ʔûan]) многу/прилично дебел човек
  • คนที่อ้วนเร็วมาก (khon uan rew mak, [khon thîː ʔûan rew mâːk]) многу брзо угојлив/угоен човек
  • คนที่อ้วนเร็วมาก ๆ (khon uan rew mak mak, [khon thîː ʔûan rew mâːk mâːk]) многу многу брзо угојлив/угоен човек

Компарацијата е од обликот „А X กว่า Б“ (kwa, [kwàː]), А е поX од Б. Суперлативот се изразува како „А X ที่สุด“ (thi sut, [tʰîːsùt]), A е најX.

  • เขาอ้วนกว่าฉัน (khao uan kwa chan, [kʰǎw ʔûan kwàː tɕ͡ʰǎn]) Тој/таа е подебел(а) од мене.
  • เขาอ้วนที่สุด (khao uan thi sut, [kʰǎw ʔûan tʰîːsùt]) Тој/таа е најдебел(а) (од сите).

Бидејќи придавките може да се користат како целосни прироци, многу зборови што го означуваат времето на глаголите можат да се употребат за изразување на придавки.

  • ฉันหิว (chan hiu, [tɕ͡ʰǎn hǐw]) Гладен сум.
  • ฉันจะหิว (chan cha hiu, [tɕ͡ʰǎn tɕ͡àʔ hǐw]) Ќе бидам гладен.
  • ฉันกำลังหิว (chan kamlang hiu, [tɕ͡ʰǎn kamlaŋ hǐw]) Гладен сум сега.
  • ฉันหิวแล้ว (chan hiu laeo, [tɕ͡ʰǎn hǐw lɛ́ːw]) Веќе сум гладен.
  • Напомена ฉันหิวแล้ว претежно значи „Гладен сум сега“ бидејќи е вообичаено แล้ว ([lɛ́ːw]) да биде збор за минато време, но แล้ว има и многу други значења. на пример, во реченицата แล้วเธอจะไปไหน ([lɛ́ːw tʰɤː tɕ͡àʔ paj nǎj]): Значи, кај одиш?, แล้ว ([lɛ́ːw]) има улога на честичка за говор (дискурс).

Глаголи

уреди

Глаголите немаат флексија како во македонскиот (не се менуваат во зависност од лицето, времето, залогот, начинот или бројот), а во јазикот не постојат ни глаголски придавки. Интензивноста на глаголското дејство се изразува со редупликација (повторување).

Пасивот се означува со вметнување на зборчето ถูก (thuk, [tʰùːk]) пред глаголот. На пример:

  • เขาถูกตี (khao thuk ti, [kʰǎw tʰùːk tiː]), Тој е удрен. Со ова се претставува дејство што е вон контрола на примачот и затоа означува и страдање.

Спротивната смисла, кајшто се укажува некоја прилика, се искажува со зборчето ได้ (dai, [dâj] = може). На пример:

  • เขาจะได้ไปเที่ยวเมืองลาว (khao cha dai pai thiao mueang lao, [kʰǎw t͡ɕaʔ dâj paj tʰîow mɯːaŋ laːw]), Тој ќе може да го посети Лаос.

Треба да се има предвид дека dai ([dâj] и [dâːj]) се пишуваат исто (ได้), но имаат различно значење. Првото има кратка самогласка ([dâj]) и означува дека на глаголот му се укажува некоја прилика. Второто има долга самогласка ([dâːj]) и се става по глаголот за да означи добиена дозвола или можност да се направи нешто.

  • เขาตีได้ (khao ti dai, [kʰǎw tiː dâːj]), Тој може(ше) да удри

Негацијата се означува со зборчето ไม่ (mai,[mâj] = не) ставено пред глаголот.

  • เขาไม่ตี, (khao mai ti) Тој не удира.

Времето се изразува со временски ознаки (зборчиња) пред или по глаголот.

Сегашното време може да се означи со กำลัง (kamlang, [kamlaŋ] = сега) пред глаголот кај тековното (несвршено) дејство, со อยู่ (yu, [jùː]) по глаголот, или со двете. На пример:
  • เขากำลังวิ่ง (khao kamlang wing, [kʰǎw kamlaŋ wîŋ]), или
  • เขาวิ่งอยู่ (khao wing yu, [kʰǎw wîŋ jùː]), или
  • เขากำลังวิ่งอยู่ (khao kamlang wing yu, [kʰǎw kamlaŋ wîŋ jùː]), Тој трча.
Идното време може да се означи со จะ (cha, [t͡ɕaʔ] = ќе) пред глаголот или со израз за време што укажува на идност. На пример:
  • เขาจะวิ่ง (khao cha wing, [kʰǎw t͡ɕaʔ wîŋ]), Тој ќе трча
Минатото време може да се означи со ได้ (dai, [dâːj]) пред глаголот или со израз за време што укажува на минатост. Меѓутоа, минатоста почесто се изразува со зборчето แล้ว (laeo, :[lɛ́ːw] = веќе) со негово ставање зад глаголот. Минатоста може да се искаже и со двете заедно (ได้ и แล้ว), т.е. во обликот Подмет + ได้ + Глагол + แล้ว. На пример:
  • เขาได้กิน (khao dai kin, [kʰǎw dâːj kin]), Тој јадеше
  • เขากินแล้ว (khao kin laeo, [kʰǎw kin lɛ́ːw], Тој веќе јадеше
  • เขาได้กินแล้ว (khao dai kin laeo, [kʰǎw dâːj kin lɛ́ːw]), Тој (веќе) јадеше

Тајландскиот користи „нанижани глаголи“ (сериска конструкција). Некои од овие комбинации се прилично застапени и може да се сметаат за утврдени изрази.

  • เขาไปกินข้าว (khao pai kin khao, [kʰǎw paj kin kʰâːw]) Тој излезе да јаде, букв. Тој оди јаде храна
  • ฉันฟังไม่เข้าใจ (chan fang mai khao chai, [tɕ͡ʰǎn faŋ mâj kʰâw tɕ͡aj]) I don't understand what was said, букв. Јас слуша не разбира
  • เข้ามา (khao ma, [kʰâw maː]) Влези, букв. влезе дојде
  • ออกไป! (ok pai, [ʔɔ̀ːk paj]) Оди си! или Излези!, букв. излезе оди

Именки

уреди
 
Знак на железничката станица „Макасан“

Именките не се менуваат во склад со околните зборови, немаат род и немаат членови.

Именките не се ниту во еднина ниту ви множина. Извесни именки се повторуваат (редупликација) за да се добие збирност: зборот เด็ก (dek = дете) честопати се повторува во обликот เด็กๆ (dek dek) за да се означи група деца. Зборот พวก (phuak, [pʰûak]) може да стои како претставка на именка или заменка за збирно да го умножи или нагласи следниот збор. (พวกผม, phuak phom, [pʰûak pʰǒm], ние, машки род; พวกเรา phuak rao, [pʰûak raw], нагласено ние; พวกหมา phuak ma, кучиња(та)) Множината се изразува со класификатори што играат улгоа на мерни зборови (ลักษณนาม), во обликот „именка-број-класификатор“ (ครูห้าคน = наставник пет човек за изразување на „пет наставници“). Додека во македонскиот ваквите класификатори обично ги нема („четири столчиња“) или се користат по избор („две шишиња пиво“ или „две пива“), тајландскиот секогаш мора да користи класификатори (затоа „столче четири единки“ и „пиво две шише“).

Заменки

уреди

Заменките во подметот честопати се изоставуваат, а на нивно место се користат прекари. Кога се користат, придавките имаат хиерархија во смисла на учтивост, персирање и општествена положба. За кралските и благородничките и свештеничките титули важат посебни заменки. Следниве придавки се погодни за разговорно општење во секојдневието:

Збор RTGS МФА Значење
ผม phom [pʰǒm] јас/мене (машко; формално)
ดิฉัน dichan [dìʔt͡ɕʰán]) јас/мене (женско; формално)
ฉัน chan [t͡ɕʰǎn] јас/мене (женско; неформално; порано било двородова заменка; редовно го користат транссексуалци)
คุณ khun [kʰun] Вие (учтиво)
ท่าน than [tʰân] Вие (учтиво, кон лице со висок статус)
เธอ thoe [tʰɤː] ти, таа/нејзе (неформално)
เรา rao [raw] ние/нас, јас/мене/ти (разговорно)
เขา khao [kʰǎw] тој/него, таа/нејзе
มัน man [man] тоа, тој/таа (понекогаш разговорно или навредително; се однесува само на луѓе)
พวกเขา phuak khao [pʰûak kʰǎw] тие/ним
พี่ phi [pʰîː] батко, дада (и повозрасни познаници)
น้อง nong [nɔːŋ] помал брат, сестра (и помлади познаници)
ลูกพี่ ลูกน้อง luk phi luk nong [lûːk pʰîː lûːk nɔ́ːŋ] прв братучед/братучетка

Повратната заменка е ตัวเอง (tua eng) = себе. Ова може да се смеша со друга заменка за да се добие интензивна заменка, како ตัวผมเอง (tua phom eng, букв. јас самиот) или ตัวคุณเอง (tua khun eng, букв. ти самиот).

Тајландскиот нема посебна присвојна заменка, туку своината се изразува со честичката ของ (khong = на). На пример, „мајка ми“ гласи แม่ของผม (mae khong phom, букв мајка на јас). Оваа честичка често се подразбира и затоа се испушта: แม่ผม (mae phom).

Во јазикот има многу повеќе заменки од горенаведените и нивната употреба е полна со нијанси. На пример:

  • „ผม เรา ฉัน ดิฉัน ชั้น หนู กู ข้า กระผม ข้าพเจ้า กระหม่อม อาตมา กัน ข้าน้อย ข้าพระพุทธเจ้า อั๊ว เค้า“ - сите значат „јас“, но секое изразува друг род, возраст учтивост, општествена положба и однос помеѓу говорникот и слушателот.
  • เรา (rao) може да биде прво лице (јас), второ лице (ти) или обете (ние), зависно од контекстот.
  • При обраќање на некој постар се користи หนู (nu) како женско прво лице (јас). Но при обраќање на некој помлад, истиот збор หนู е второ лице среден род (вие).
  • Заменката за второ лице เธอ (thoe) (ти) е полуженска. Се користи кога говорникот или слушателот е женско (или двајцата) и не се користи помеѓу две машки лица.
  • Зборовите ณ (khun) и เธอ (thoe) се учтиви заменки за второ лице среден род. Меѓутоа, คุณเธอ (khun thoe) има погрдно значење за трето лице женски род.
  • Наместо заменка за второ лицфе како „คุณ“ (ти), непознати лицата што не се сродни многу почесто се ословуваат со „พี่ น้อง ลุง ป้า น้า อา ตา ยาย“ (брат/сестра/тетка/чичко/баба).
  • За да се изрази уважување, заменката за второ лице напати се заменува со звањето. На пример, учениците секогаш се обраќаат на наставкикот со „ครู คุณครู อาจารย์“ (секое значи наставник) наместо со คุณ (Вие). Ова секогаш важи при обраќање кон наставници, монаси и доктори.

Честички

уреди

Честичките се непреводливи зборчиња што се додаваат на крајот од реченицата и имаат за цел да означат почит, барање/молба, поттикнување и други начини (донекаде налик на македонските де, бе, мори, ли), како и разни степени на формалност, но не се користат во отмениот (пишан) јазик. Најчести честички за почит се ครับ (khrap, [kʰráp], со висок тон) за машко и ค่ะ (kha, [kʰâ], со паѓачки тон) за женско. Овие можат да означуваат и потврдување, со измена на ค่ะ (паѓачки тон) во คะ (растечки тон).

Други позастапени честички:

Word RTGS МФА Значење
จ๊ะ cha/ja [t͡ɕáʔ] барање/молба
จ้ะ, จ้า или จ๋า cha/ja [t͡ɕâː] нагласување
ละ или ล่ะ la [láʔ] нагласување
สิ si [sìʔ] нагласување или заповедно
นะ na [náʔ] смекнување; барање/молба

Фонологија

уреди
 
Оваа статија содржи тајландски текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо букви од тајландското писмо.

Тонови

уреди

Во тајландскиот постојат пет фонемски тона: среден, низок, паѓачки, висок и растечки. На табелата се прикажани примери за фонемските тонови и нивната фонетска реализација, според МФА.

 
Шема на тоновите во тајландскиот јазик
Тон Тај. Пример Фонем. Фонет. Примерот на македонски
среден สามัญ นา /nāː/ [naː˧] оризиште
низок เอก หน่า /nàː/ [naː˩] (прекар)
паѓачки โท หน้า /nâː/ [naː˥˩] лице
висок ตรี น้า /náː/ [naː˧˥] или [naː˥] тетка/чичко (помлад(а) од мајката)
растечки จัตวา หนา /nǎː/ [naː˩˩˦] или [naː˩˦] дебел

Треба да се напомене дека сите пет тона во комплет постојат само кај т.н. „живи слогови“, оние што завршуваат на долга самогласка или гласник (/m/, /n/, /ŋ/, /j/, /w/). Кај т.н. „мртви слогови“ што завршуваат на избувна согласка (/p/, /t/ или /k/) или кратка самогласка, постојат само две тонски разлики: паѓачки наспроти низок (кај слоговите на долга самогласка) и висок наспроти низок (кај слоговите со кратка самогласка т.е. што завршуваат на кратка самогласка + избувна согласка или само кратка самогласка). Слоговите што фонемски завршуваат на кратка самогласка имаат автоматска гласилна препрека на крајот (особено при побавно зборување). Затоа може да се рече дека мртвите слогови се оние што завршуваат на фонетски избувни согласки.

Самогласки

уреди

Почетоци

уреди

Тајландскиот јазик разликува три шеми на звучност и приздив кај избувни (плозивни) и слеани (африкатни) согласки:

  • безвучни, неприздивни
  • безвучни, приздивни
  • звучни, неприздивни

Додека македонскиот разликува само звучно неприздивно /b/ и безвучно приздивно /pʰ/, во тајландскиот постои трет вид на звук што не е ниту звучен, ниту приздивен. Во македонскиот овој глас се јавува само како алофон на /p/, приближно звукот на п во зборот „спие“. Аналогно на тоа постои и венечна тројка /t/, /tʰ/, /d/. Во преднонепчената низа се јавува парот /k/, /kʰ/, а во заднонепчената го имаме парот /t͡ɕ/, /t͡ɕʰ/.

Во долунаведените ќелии, на првиот ред стои МФА, на вториот се укажани тајландските букви во почетна положба (неколку букви што се јавуваат во иста кутија имаат ист изговор).

Двоуснени Уснено-
забни
Венечни Задно-
венечни
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Гласилни
Носни [m]
[n]
ณ,น
[ŋ]
Избувни [p]
[pʰ]
ผ,พ,ภ
[b]
[t]
ฏ,ต
[tʰ]
ฐ,ฑ,ฒ,ถ,ท,ธ
[d]
ฎ,ด
[k]
[kʰ]
ข,ฃ,ค,ฅ,ฆ*
[ʔ]
**
Струјни [f]
ฝ,ฟ
[s]
ซ,ศ,ษ,ส
[h]
ห,ฮ
Слеани [tɕ]
[tɕʰ]
ฉ, ช, ฌ
Трепетни [r]
Приближни [j]
ญ,ย
[w]
Странични
приближни
[l]
ล,ฬ

* ฃ и ฅ се исфрлени од употреба. Затоа, современиот тајландски има 42 согласни букви.
** Почетното อ е немо и затоа се смета за гласилна избувна согласка.

Рими

уреди

Иако 44-те согласни букви даваат 21 звук кај почетоците, ова е поинаку кај римите (завршетоците). Во римите се допуштени само осум гласа и отсуство на глас наречено mātrā (มาตรา). На пример, на крајот од слогот, гласовите บ (/b/) и ด (/d/) се обезвучуваат, па така се изговараат како /p/ и /t/.

Од согласните букви, не сметајќи ги исфрлените ฃ и ฅ, шест (ฉ ผ ฝ ห อ ฮ) не можат да се користат како рими, а другите 36 се групираат на следниве начини.

Двоуснени Уснено-
забни
Венечни Задно-
венечни
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Гласилни
Носни [m]
[n]
ญ,ณ,น,ร,ล,ฬ
[ŋ]
Избувни [p]
บ,ป,พ,ฟ,ภ
[t]
จ,ช,ซ,ฌ,ฎ,ฏ,ฐ,ฑ,ฒ,
ด,ต,ถ,ท,ธ,ศ,ษ,ส
[k]
ก,ข,ค,ฆ
[ʔ]*
Струјни
Слеани
Трепетни
Приближни [j]
[w]
Странични
приближни
* Гласилната избувна самогласка се јавува на крајот кога нема рима по кратка самогласка

Согласни групи

уреди

Во тајландскиот јазик, секој слог во зборот се смета за посебен од другите, па затоа комбинациите на согласки од соседни слогови не се сметаат за група.

Во јазикот има многу мал број на согласни групи. Доколку не се бројат заемките, изворниот тајски лексикон признава 11 можности:

  • /kr/ (กร), /kl/ (กล), /kw/ (กว)
  • /kʰr/ (ขร,คร), /kʰl/ (ขล,คล), /kʰw/ (ขว,คว)
  • /pr/ (ปร), /pl/ (ปล)
  • /pʰr/ (พร), /pʰl/ (ผล,พล)
  • /tr/ (ตร)

Кај заемките се јавуваат комбинациите /tʰr/ (ทร) во อินทรา (/intʰraː/, од санскритскиот збор indrā) или /fr/ (ฟร) во ฟรี (/friː/, од англискиот збор free). Меѓутоа согласните групи се признаваат само кога се во почетна положба, и тоа или /r/, /l/, или /w/ како втори согласки и никогаш повеќе од две наеднаш.

Самогласки

уреди

На табелава се наведени основните самогласки во тајландскиот јазик, од предни до заедни и затворени до отворени. Во горниот дел на секоја ќелија the стои симболот по МФА, а втората ставка го дава тајландскиот запис, каде (–) ја означува положбата на почетна согласка по која се изговара самогласката. Втората црта значи дека треба да следи рима.

 
Монофтонзи во тајландскиот јазик
  Предни Задни
незаоблени незаоблени заоблени
кратки долги кратки долги кратки долги
Затворени /i/
 -ิ 
/iː/
 -ี 
/ɯ/
 -ึ 
/ɯː/
 -ื- 
/u/
 -ุ 
/uː/
 -ู 
Полузатворени /e/
เ-ะ
/eː/
เ-
/ɤ/
เ-อะ
/ɤː/
เ-อ
/o/
โ-ะ
/oː/
โ-
Полуотворени /ɛ/
แ-ะ
/ɛː/
แ-
    /ɔ/
เ-าะ
/ɔː/
-อ
Отворени     /a/
-ะ, -ั-
/aː/
-า
   

Секоја самогласка постои во пар „долга-кратка“: ова се посебни фонеми што образуваат неповрзани зборови,[10] но обично се транслитерираат исто: เขา (khao) значи „тој“ или „таа“, додека пак ขาว (khao) значи „бел“.

Паровите „долга-кратка“ се следниве:

Долги Кратки
Тај. МФА Пример Тај. МФА Пример
–า /aː/ ฝาน /fǎːn/ 'сече' (на парчиња) –ะ /a/ ฝัน /fǎn/ 'сонува'
–ี  /iː/ กรีด /krìːt/ 'сече' –ิ  /i/ กริช /krìt/ 'крис' (вид меч)
–ู  /uː/ สูด /sùːt/ 'вдишува' –ุ  /u/ สุด /sùt/ 'последен' (најодзади)
เ– /eː/ เอน /ʔēːn/ 'лежи' เ–ะ /e/ เอ็น /ʔēn/ 'тетива, лигамент'
แ– /ɛː/ แพ้ /pʰɛ́ː/ 'пораз' แ–ะ /ɛ/ แพะ /pʰɛ́ʔ/ 'коза'
–ื-  /ɯː/ คลื่น /kʰlɯ̂ːn/ 'бран' –ึ  /ɯ/ ขึ้น /kʰɯ̂n/ 'се накачува'
เ–อ /ɤː/ เดิน /dɤ̄ːn/ 'пешачо' เ–อะ /ɤ/ เงิน /ŋɤ̄n/ 'сребро'
โ– /oː/ โค่น /kʰôːn/ 'соборува' โ–ะ /o/ ข้น /kʰôn/ 'густо'
–อ /ɔː/ กลอง /klɔːŋ/ 'тапан' เ–าะ /ɔ/ กล่อง /klɔ̀ŋ/ 'кутија'
 
Дифтонзи во тајландскиот јазик.

Основните самогласки може да се комбинираат во дифтонзи. Оние што се означени со ѕвездичка понекогаш се класификуваат како долги:

Долги Кратки
Тај. МФА Тај. МФА
–าย /aːj/ ไ–*, ใ–*, ไ–ย, -ัย /aj/
–าว /aːw/ เ–า* /aw/
เ–ีย /iːa/ เ–ียะ /ia/
–ิว /iw/
–ัว /uːa/ –ัวะ /ua/
–ูย /uːj/ –ุย /uj/
เ–ว /eːw/ เ–็ว /ew/
แ–ว /ɛːw/
เ–ือ /ɯːa/ เ–ือะ /ɯa/
เ–ย /ɤːj/
–อย /ɔːj/
โ–ย /oːj/

Покрај ова, постојат три трифтонзи, сите долги:

Тај. МФА
เ–ียว /iaw/
–วย /uaj/
เ–ือย /ɯaj/

Лексикон

уреди
 
Зборот „Македонија“ напишан на тајландски

Највеќето зборови во тајландскиот се едносложни, со исклучок на заемки и сложенки. Во историјата заменките најчесто се преземале од санскрит и пали, од верски причини. Удел во лексиконот има и старокмерскиот јазик, особено што се однесува на кралските и дворски поими. Од почетокот XX век најголемо влијание има англискиот јазик, особено кај научните и техничките поими. Се забележуваат и доста поими преземени од чаошанскиот дијалект на кинескиот јазик.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Тајландски - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. Не е исто што и „централни тајски јазици“
  3. Јазици од типот „аусбау“ и „абштанд“ (англиски)
  4. Извештај за тајландскиот јазик - Ethnologue (англиски)
  5. Andrew Simpson (2007). Language and national identity in Asia. Oxford University Press. Стандардниот тајландски е облик на централен тајски што се заснова на варијантата што порано ја говореле дворјаните, а денес образованата средна и виша класа во Бангкок.
  6. Peansiri Vongvipanond (Summer 1994). „Linguistic Perspectives of Thai Culture“. претставено на работилница за наставници по социологија. University of New Orleans. стр. 2. Посетено на 26 април 2011. Дијалектот што се слуша на радио и телевизија е бангкокшкиот, што се смета за стандарден.
  7. Статистики од Ethnologue.
  8. „ภาษาส่วย“ (Dictionary). Regional Dialects and Minority Languages of the Thai Language » Suay (Guay) Language. thai-language.com. Посетено на 13 декември 2011.
  9. Општа кралска тајландска транскрипција Архивирано на 27 септември 2011 г. - Кралски институт на Тајланд (тајландски)
  10. Tingsabadh & Abramson (1993:25)
  • อภิลักษณ์ ธรรมทวีธิกุล และ กัลยารัตน์ ฐิติกานต์นารา. 2549.“การเน้นพยางค์กับทำนองเสียงภาษาไทย” (Stress and Intonation in Thai ) วารสารภาษาและภาษาศาสตร์ ปีที่ 24 ฉบับที่ 2 (มกราคม – มิถุนายน 2549) หน้า 59-76
  • สัทวิทยา : การวิเคราะห์ระบบเสียงในภาษา. 2547. กรุงเทพฯ : สำนักพิมพ์มหาวิทยาลัยเกษตรศาสตร์
  • Diller, Anthony van Nostrand. 2008. The Tai–Kadai Languages.
  • Gandour, Jack, Tumtavitikul, Apiluck and Satthamnuwong, Nakarin. 1999. “Effects of Speaking Rate on the Thai Tones.” Phonetica 56, стр. 123–134.
  • Rischel, Jørgen. 1998. 'Structural and Functional Aspects of Tone Split in Thai'. In Sound structure in language, 2009.
  • Tumtavitikul, Apiluck, 1998. “The Metrical Structure of Thai in a Non-Linear Perspective”. Papers presentd to the Fourth Annual Meeting of the Southeast Asian Linguistics Society 1994, стр. 53–71. Udom Warotamasikkhadit and Thanyarat Panakul, eds. Temple,Arizona:Program for Southeast Asian Studies, Arizona State University.
  • Apiluck Tumtavitikul. 1997. “The Reflection on the X’ category in Thai”. Mon–Khmer Studies XXVII, стр. 307–316.
  • อภิลักษณ์ ธรรมทวีธิกุล. 2539. “ข้อคิดเกี่ยวกับหน่วยวากยสัมพันธ์ในภาษาไทย” วารสารมนุษยศาสตร์วิชาการ. 4.57-66.
  • Tumtavitikul, Appi. 1995. “Tonal Movements in Thai”. The Proceedings of the XIIIth International Congress of Phonetic Sciences, Vol. I, стр. 188–121. Stockholm: Royal Institute of Technology and Stockholm University.
  • Tumtavitikul, Apiluck. 1994. “Thai Contour Tones”.Current Issues in Sino-Tibetan Linguistics, стр. 869–875. Hajime Kitamura et al., eds, Ozaka: The Organization Committee of the 26th Sino-Tibetan Languages and Linguistics,National Museum of Ethnology.
  • Tumtavitikul, Apiluck. 1993. “FO – Induced VOT Variants in Thai”. Journal of Languages and Linguistics, 12.1.34 – 56.
  • Tumtavitikul, Apiluck. 1993. “Perhaps, the Tones are in the Consonants?” Mon–Khmer Studies XXIII, стр. 11–41.
  • Higbie, James and Thinsan, Snea. Thai Reference Grammar: The Structure of Spoken Thai. Bangkok: Orchid Press, 2003. ISBN 974-8304-96-5.
  • Nacaskul, Karnchana, Ph.D. (ศาสตราจารย์กิตติคุณ ดร.กาญจนา นาคสกุล) Thai Phonology, 4th printing. (ระบบเสียงภาษาไทย, พิมพ์ครั้งที่ 4) Bangkok: Chulalongkorn Press, 1998. ISBN 978-974-639-375-1.
  • Nanthana Ronnakiat, Ph.D. (ดร.นันทนา รณเกียรติ) Phonetics in Principle and Practical. (สัทศาสตร์ภาคทฤษฎีและภาคปฏิบัติ) Bangkok: Thammasat University, 2005. ISBN 974-571-929-3.
  • Segaller, Denis. Thai Without Tears: A Guide to Simple Thai Speaking. Bangkok: BMD Book Mags, 1999. ISBN 974-87115-2-8.
  • Smyth, David. Thai: An Essential Grammar. London: Routledge, 2002. ISBN 0-415-22614-7.
  • Tingsabadh, M.R. Kalaya; Abramson, Arthur (1993), „Thai“, Journal of the International Phonetic Association, 23 (1): 24–28

Надворешни врски

уреди

Македонски

уреди

Странски

уреди