Тајна вечера

(Пренасочено од Тајната вечера)

Во христијанските Евангелија, Тајна вечера (исто така позната и како Мистична вечера или Последната вечера) — последниот оброк на Исус Христос кој тој го поделил заедно со Дванаесетте апостоли пред неговото предавање од страна на Јуда Искариот и неговата смрт. Тајната вечера е насликана на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи.

Тајната вечера на Леонардо да Винчи.

Според она што Апостол Павле го раскажал во Првото послание кон Коринќаните во 11:23-26,[1] во текот на Тајната вечера, во која се јадело леб и вино. На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде погубен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи::

Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!

Земајќи ја чашата рекол:

„Ова е чаша на Новиот завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!”

По вечерата, Исус заедно со неговите ученици отишле во Гетсиманската градина за да се молат. Според митологијата на христијаните, садот од кој се пиело виното се поврзува со Светиот грал.

Според преданието, Тајната вечера се одржала во објектот кој денес е познат како Сионска горница, кој се наоѓа само на неколку метри од ѕидините на Стариот град во Ерусалим.

Галерија

уреди

Наводи

уреди