Татјана Атанасова Пачемска

Татјана Атанасова – Пачемска (Штип, 19 август 1973) — македонска математичарка, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Животопис

уреди

родена на 19 август 1973 год. во Штип, Македонија. Основното и средното училиште го завршила во Штип, со континуиран одличен успех. Во 1991 год. се запишала на студиите по математика на Природно–математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Истите ги завршила во 1995 год. со просечен успех 9,3 и се здобила со звањето дипломиран професор по математика. Во 1995 год. се вработува во Текстилниот училиштен центар „Димитар Мирасчиев“ во Штип како професор по математика. Во октомври 1996 год. се запишала на постдипломските студии по математика на ПМФ – Скопје. Истите ги завршила во 2002 год. со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Класи на функции кои се помеѓу непрекинати и рамномерно непрекинати“ и се стекнала со звањето магистер на математички науки. Од 1996 год. е избрана за помлад асистент на предметите Математика и Методика на воспитно-образовната работа по математика на Педагошкиот факултет во Штип. Во јуни 2003 год. на Институтот за математика при ПМФ-Скопје пријавила докторска дисертација на тема „Поимите сврзаност, компонента и крај за рамномерно непрекинати пресликувања“ и истата ја одбранила во јули 2006 год. со што се стекнала со звањето доктор на математички науки. Д-р Татјана Атанасова – Пачемска е избрана во наставно-научното звање доцент[1] на областа математика при Факултетот за информатика од Матичната комисија за формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“Штип во јуни 2007 година. Во мај 2007 година, избрана е за доцент и на Педагошкиот факултет во Штип на предметите Математика 1, Математика 2 и Методика на воспитно-образовната работа по математика. Во декември 2011 год. д-р Татјана Атанасова – Пачемска е избрана во звањето вонреден професор, а од 2016 е редовен професор на областите математика и методика на катедрата за математика и статистика при факултетот за информатика, УГД. Д-р Татјана Атанасова – Пачемска има богата научна и стручна активност. Автор е на повеќе од 100 трудови од областа на математиката и математичкото образование.

Студиски престоj

уреди
  • Јануари - март 2012 год.- Прехранбено биотехнолошки факултет, Универзитет во Загреб, стипендиран од Министерството за наука, образование и спорт на Р. Хрватска за научно истражување од областа биостатистика.
  • Февруари – март 2010 год., стипендија од LIF – CNRS, Marseille, France за престој и учество на интернационалната конференција Mathematics and Computer Sciences – Towards new Interactions between mathematics and Computer Science, за сегментот Topological Methods for the Study of Discrete Structures.
  • Во периодот од јуни до септември 2011, 2012, 2013,... год. д-р Татјана Атанасова – Пачемска е член на научниот одбор и предавач на меѓународната летна школа за статистика “Statistical Methods for the Service Quality Measurement” која се одржува во различни европски земји, (Турција, Босна и Херцеговина,...)

Раководни функции

уреди
  • 2011-2018 , Декан на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип[2];
  • 2008-2011, Продекан на Факултетот за информатика
  • 2011- , раководител на катедрата за математика и статистика[3]
  • 2007-2008, член на Универзитетскиот Сенат[4]

Стручна и општествена активност

уреди
  • Од 2006 - , соработник и уредник на списанието за популаризација на математиката „Нумерус“, во издание на Сојузот на математичарите на Македонија.
  • Од 2009 - , активен член на Европското здружение на жени - математичари
  • Од 2010 - главен и одговорен уредник на списанието за популаризација на математиката „Нумеруско“ за ученици од I – IV одд, во издание на СММ.
  • Од мај 2006 - ,член на Управниот одбор на Граѓанската асоцијација на учители на Р. Македонија
  • Од 2007 - , член на Државната комисија за избор на задачи за натпреварите по математика за основно образование на Р. Македонија
  • Од 2009 - ,координатор – обучувач во програмите/темите Стратегии и техники на подучување и учење, Методи и постапки за планирање на наставата и вреднување и оценување на постигнувањата на учениците, Примена на ИКТ во наставата, - акредитирани програми за обука на наставниците во основното образование – ФОН Универзитет
  • 2011-2013 - Член на Националната Комисија за учебници на Р. Македонија, за природно-математичкото и техничкото образовно подрачје, при Владата на Р. Македонија;
  • 2011-2013 - Заменик претседател и Претседател на Комисијата за признавање и еквиваленција на високообразовни квалификации стекнати во странство од природно-математичкото подрачје при Министерството за образование и наука;
  • 2013-2017 - Потпредседател на Сојузот на математичарите на Македонија.

Автор е на еден од националните учебници по математика за второ и трето одделение за деветгодишно основно образование, работните тетратки „Математичка работилница“ за второ и трето одделение и прирачниците за наставници за истите учебници. Д-р Татјана Атанасова – Пачемска била ментор на дипломски работи, рецензент на магистерски тези и докторски дисертации, рецензент на научно истражувачки проекти од Министерството за образование и наука како и член на тимот за супер ревизија на учебниците од I-V одд. од наставното подрачје математика, 2010[5].

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на Електротехнички факултет - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-08-31. Посетено на 2013-05-27.
  2. „Официјално мрежно место на Електротехнички факултет - „За факултетот". Архивирано од изворникот на 2013-03-02. Посетено на 2013-05-27.
  3. „Катедра за математика и статистика - „Раководител". Архивирано од изворникот на 2013-02-27. Посетено на 2013-05-27.
  4. „Официјално мрежно место на УГД - „Универзитетски сенат". Архивирано од изворникот на 2013-03-13. Посетено на 2013-05-27.
  5. Објавени научни и стручни трудови

Надворешни врски

уреди

Предлошка:ОСНОВНОПОДРЕДРУВАЊЕ:Атанасова-Пачемска, Татјана