Таинствениот остров

Координати: 34°57′S 150°30′W / 34.950° ЈГШ; 150.500° ЗГД / -34.950; -150.500

Таинствениот остров (француски: L'Île mystérieuse) — роман од Жил Верн, објавен во 1875 година. Книгата ја раскажува приказната за пет американски воени затвореници, кои за време на Граѓанската војна успеале да избегаат со балон што го однел ураганот до ненаселен остров, каде што почнале да се случуваат необични работи.

Таинствениот остров
Ile Mysterieuse 02.jpg
Насловна страница на „Мистериозниот остров“
АвторЖил Верн
Наслов на
оригиналот
L'Île mystérieuse
ИлустраторЖил Фера
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
СеријалНеобични патувања #12
ЖанрАвантуристички роман
ИздавачПјер-Жил Етцел
Издадена
1875
Published in English
1875
МедиумPrint (Хардбек)
ПретходнаПат околу светот за 80 дена 
ТекстТаинствениот остров на Викиизвор

Верн долго време планирал да создаде приказна инспирирана од Робинзон Крусо, за група луѓе напуштени на осамен остров. Неговото прво искуство на ова поле бил „Чичко Робинсон“, отфрлен од неговиот издавач Пјер Етцел поради недостаток на фантастични елементи. Вториот обид на Верн повеќе го задоволува Етцел, а Таинствениот остров бил објавен'[1].

СодржинаУреди

Пет американски воени затвореници успеале да избегаат од опколениот Ричмонд, Вирџинија, со помош на балон за време на Граѓанската војна. Балон го однел ураган на отворен Тихи Океан . Патниците едвај успеваат да стигнат до непознат остров во близина на поголем остров. За време на слетувањето, еден од патниците - инженерот Сајрус Смит, заедно со неговото куче Тод, паднале и исчезнале во водата. Нед, верниот црн слуга на Смит, не можел да се помири со загубата на својот господар. Заедно со дописникот Једеон Спилет, тие организирале неуспешна потрага, додека морнарот Пенкрофт и младиот Херберт наоѓаат храна и привремено засолниште на другиот остров...[2].

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди