Табела на чинови во Руското царство
Табела на чинови (Табель о рангах) била формална список на функции и чинови во војската, владата и на дворот во Царска Русија. Ваквата поделба била воведена од Петар Велики во 1722 во неговата борба против потоечкото наследно дворјанство, (болјарите).
Оваа табела одредува нечија функицја и статус во зависност од службата кон императорот (царот), а не по наследни права или старост. Оваа табела го содржи секој воен, државен и дворски поделени на четиринаесет степени, од 1 до 14. Секој државен службеник требал најпрвин да се квалификува за даденб ранг, пред да биде промовиран на истиот; степените од 1 до 5 were personal matter of the Emperor.
Дури и обичните граѓани кои ќе достигнеле одредено ниво на тебелата автоматски станувале благородници. На пр. јавен службеник кој достигнал 14-ти степен имал право на лично благородништво (дворјанство), додека 8-миот степен бил доволен за да стане наследен благородник; воените офицери почнувале станувале благородници уште на 14-ти степен, а за наследното благородништво (пример од 1856), 4-ти степен за јавен службеник и 6-ти степен за воен офицер. На пример татко му на Ленин работел во служба на народното образование и стигнал до чинот действительный статский советник (извршен таен советник) (1874), при што автоматски се здобил со наследно благородништво.
Забелешка: Кај личното благородништво, титулата му припаѓа само на оној кој ја добил, што значи дека никој од неговото семејство не може да ја добие по неговата смрт. Кај наследното благородништво пак, титулата важи како за самото лице, така и за неговиот/нејзиниот сопружник и се пренесува од колено на колено.
Табелава води потекло од руските воени чинови, кои биле променети од корен за време (и по иницијатива) на Петар Велики. Додадени биле и разни други чинови и специјалности.
Оваа табела била важечка сè до Октомвриската револуција.
Класа (класс) | Државни чинови (чины статские) | Дворски чинови (чины придворные) | Звање |
---|---|---|---|
I | Канцлер (Канцелар) Действительный тайный советник 1-го класса (Извршен таен советник, 1-ва класа) |
нема | Его/Ваше высокопревосходительство (Неговото/Ваше високопревосходителство) |
II | Действительный тайный советник (извршен таен советник) | Обер-камергер (Главен коморник) Обер-гофмаршал (Главен управнички маршал) | |
III | Тайный советник (Таен советник) |
Гофмаршал (Управнички маршал) |
Его/Ваше превосходительство (Неговото/Ваше превосходителство) |
IV | Действительный статский советник (Извршен државен советник) | Камергер (Коморник) (1737-1809 | |
V | Статский советник (Државен советник) | Церемониймейстер (Церемонијалмајстор) | Его/Ваше высокородие (Неговото/Ваше високородие) |
VI | Коллежский советник (Колегијатски советник) | Камер-фурьер (Коморен ковач) (до 1884) Камергер (Коморник) (до 1737) |
Его/Ваше высокоблагородие (Неговото/Ваше високоблагородие) |
VII | Надворный советник (Дворски советник) (од 1745) | - | |
VIII | Коллежский асессор (Колегијатски инспектор) | Гоф-фурьер (Управник-ковач) | |
IX | Титулярный советник (Титлуван советник) | - | Его/Ваше благородие (Неговото/Ваше благородие) |
X | Коллежский секретарь (Колегијатски секретар) | - | |
XI | Корабельный секретарь (Бродски секретар) | Камер-юнкер (Коморен јункер) | |
XII | Губернский секретарь (Губерниски секретар | - | |
XIII | Кабинетский регистратор (Кабинетски регистратор) Провинциальный секретарь (Провинцијален секретар) |
- | |
XIV | Коллежский регистратор (Колегијатски регистратор) | - |
Колегијат се однесува на систем на Владините отцеси (коллегия, Колеџ) воведени од петар Велики.
За воени чинови и чинови на Гардата, видете Руски воени чинови и Руска царска гарда.