Сушица (Скопско)
Сушица (позната и како Катлановска Сушица или Коњарска Сушица) — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположбаУреди
Се наоѓа во североисточниот дел на Скопската Котлина и областа Блатија, од левата страна на реката Пчиња. Селото лежи на надморска височина од 380 метри. Оддалечено е 24 километри источно од Петровец, 37 километри источно од Скопје и 26 километри јужно од Куманово.
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 550 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушица имало 760 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Сушица има 178 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550[2] | 760[3] | 645 | 663 | 562 | 454 | 302 | 225 | 206 | 178 |
РодовиУреди
Сушица e македонско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во Сушица се:
- Староседелски или доселенички со непознато потекло: Радевци (10 к.), Даневци (8 к.), Зајинци (11 к.), Миајлевци (9 к.), Ѓуревци (3 к.), Костовци (3 к.), Карпузовци (2 к.), Шутевци (3 к.), Дедо-Петковци (6 к.), Јошевци (2 к.), Спасевци (1 к.), Ролевци (2 к.), Пидевци (1 к.) и Ѓирковци (1 к.) за нив не се знае дали се староседелци, или пак доселени со непознато потекло.
- Доселеници: Николчевци (8 к.) порано се викале Ѓаковци. Некои за нив велат дека се доселени од околината на Ѓаковица во Косово; Марковци (9 к.) и Анџинци (2 к.) доселени се од селото Мирковци во Скопска Црна Гора; Долноселци (3 к.) доселени се од селото Долно Коњари. Го знаат следното родословие: Данило (жив на 40 г. во 1952 година) Мите-Наумче-Петко, кој се доселил; Русановци (3 к.) и Качаровци (9 к.) доселени се однекаде.[6]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Личности родени во Сушица (Скопско):
- Трајко Стевковски (1918-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Страшо Петрушев (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Стојан Крстевски (1927-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ристо Стојановски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.116-117.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ 7,0 7,1 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г.