Субашини Дас
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Субашини Дас е една од најстарите ученички кои Мајка Тереза ги мотивирала да ги посетуваат сламовите за да ги подучуваат малите деца и да ги посетуваат болните. Пред да се приклучи на нејзиниот ред, Мајка Тереза ја предупредила Субашини Дас за тешката и напорна работа што ја чека, давајќи и доволно време повторно да размисли за нејзината желба. На договорениот датум, Субашини се појавила пред вратата на Мајка Тереза. Од огромна почит кон Мајка Тереза, Субашини ќе го земе името Агнес, крстеното име на Мајка Тереза -Гонџа Агнес Бојаџиу. Приклучувањето на Субашини Дас, Мајка Тереза го видела како благослов и индикација дека се наоѓа на вистинскиот пат. Неколку недели по Субашини, на редот се приклучила уште една бивша ученичка на Мајка Тереза од училиштето Света Марија, Магдалена Гомес која го зела името Сестра Гертруда. Таа беше првата сестра која се приклучи на редот на Мисионерките на милосрдието и од денот на приклучување сè до смртта на Мајка Тереза на 5 септември 1997 година верно ќе му слижи на редот помагајќи им на најсиромашните од сиромашните.