Стефан Ролев ( Долно Врбени, 1865 - Битола, 1969) — македонски војвода од илинденскиот период.

Стефан Ролев

Животопис

уреди

Стефан Ролев се родил во 1865 година, во селото Долно Врбени, во Егејска Македонија, каде го минал детството, а потоа во Битола ја завршил егзархиската гимназија. Тој бил со висок став и атлетски развиен, поради што го добил прекарот „Железниот“. Во 1901 година се вклучил како комита во четата на војводата Марко Лерински, а во илинденскиот период постигнал забележителни успеси и бил познат по неговата суровост кон непријателите. Во тој период, тој бил познат како војводата Бигленски и Лерински.[1]

Спортска активност

уреди

По пропаста на Илинденското востание, Ролев патувал низ Европа и во САД, каде ги проучувал гимнастиката и другите спортови. По враќањето во Македонија, најголемиот дел од животот го поминал во Битола, каде организирал спортски настани. Така, тој го организирал и учествувал во првиот боксерски меч во Битола, кој се одржал за време на младотурскиот период, а тој настан го снимиле браќата Манаки. По Младотурската револуција, Ролев го основал и првото гимнастичко друштво „Пелистерски јунак“, развивајќи ја физичката култура кај младите во Битола. Притоа, членовите на клубот носеле униформи и вежбале на справи, а настапувале на разни јавни манифестации. Самиот Ролев го привлекувал вниманието со своите вештини: кршење камен на градите, виткање железо, акробатски вежби на велосипед итн. Војводата Ролев починал во Битола, во 1969 година.[2]

Наводи

уреди
  1. Жанета Здравковска, „Војводата Ролев го организирал првиот бокс-меч во Битола“, Дневник, година XVIII, број 5582, петок, 3 октомври 2014, стр. 19.[мртва врска]
  2. Жанета Здравковска, „Војводата Ролев го организирал првиот бокс-меч во Битола“, Дневник, година XVIII, број 5582, петок, 3 октомври 2014, стр. 19.