Стефан Бабовиќ (роден на 7 јануари 1987 година) е поранешен професионален српски фудбалер кој играл на позицијата длабоко лажен плејмејкер или организатор на игра со дополнителни задачи на измама.[1] Тој е актуелен главен оперативен директор (COO) на Викторија Групацијата.

Бабовиќ со Фејенорд во 2010

Во текот на неговата фудбалска кариера, Бабовиќ настапувал за седум клуба, од кои најмногу се задржал во клубот на Партизан. Во овој клуб одиграл 157 натпревари, а постигнал 26 голови, во сите натпреварувања и тоа во три различни периоди. Бабовиќ настапувал и во странство и тоа во Франција, Холандија и Шпанија.

Откако ја претставувал својата земја на сите младински нивоа, Бабовиќ својот прв натпревар на меѓународно ниво за Србија го имал кон крајот на 2007 година. Следната година одиграл уште три натпревари, а неговите последни репрезентативни настапи му биле на само 21 година возраст.

Клупска кариера уреди

Партизан и ОФК Белград уреди

Бабовиќ на почетокот настапувал за младинските тимови на Партизан, а својот прв натпревар за сениорската екипа го имал на17 март 2004 година кога влегол во игра како замена на натпреварот против тимот на Сутјеска од Никшиќ. На тој натпревар имал само 17 години, а резултатот бил 3:0 за екипата на Партизан.[2][3] Извесно време поминал играјќи во блискиот тим на Партизан, во екипата на Телеоптик и тоа со двојна регистрација. На 8 јануари 2005 година, еден ден по неговиот 18-ти роденден, Бабовиќ го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Партизан. Договорот бил за верност од 5 години.[4] Бабовиќ бил член на тимот кој ја освоил титулата во лигата во 2005 година. По пензионирањето на Драган Ќириќ, Бабовиќ го добил дресот со број 10. Тој во сезоната 2005-2006 одиграл вкупно 23 лигашки натпревари и постигнал 3 гола. Во август 2006 година, на крајот од сезоната Бабовиќ го напуштил тимот на Партизан по несогласувањето со менаџерот Миодраг Јешиќ.[5][6]

По разделбата со Партизан, Бабовиќ се приклучил на екипата на ОФК Белград како слободен играч, склучувајќи четиригодишен договор.[7] Тој брзо се вклопил во талентираниот тим, а добрите игри во клубот се совпаднале со неговите плодни настапи и за младинската репрезентација.[8]

Нант и Фејенорд уреди

На 13 декември 2007 година, било објавено дека Бабовиќ се преселил да игра во Франција, односно се приклучил на клубот од Лига 2, Нант.[9] Трансферот официјално бил реализиран на 1 јануари 2008 година.[10] Во текот на неговите први шест месеци на стадионот Стад де ла Божоар, Бабовиќ одиграл вкупно 15 лигашки натпревари, без да постигне ниту еден гол, а клубот не успеал да се промовира во Лига 1. Во следната сезона, Бабовиќ ги повторил своите игри за Нант, но овој пат клубот не успеал да избегне испаѓање.

На 1 септември 2009 година, откако настапил во првите три лигашки натпревари на Нант во новата сезона, Бабовиќ бил испратен со откупна клаузула (евентуален откупен пред договор) како позајмен играч во клубот на Фејенорд и тоа до крајот на сезоната 2009–10.[11] За екипата на Фејенорд настапувал во дресот со број 15. На 1 ноември 2009 година, Бабовиќ бил исклучен за време на Класикерот (големото дерби Класик) во Амстердам поради удар со лакт на противничкиот играч на клубот на Ајакс, Јан Вертонген.[12]

Откако ја одлежал суспензијата,[13] Бабовиќ се вратил во составот на тимот за натпреварот против екипата на Гронинген кога и го постигнал својот прв гол во Ередивизија, во израмнувањето на резултатот, а подоцна и во победата од 3:1. На крајот на сезоната било објавено дека Фејенорд нема да му понуди нов договор на Бабовиќ.[14] Подоцна тој се вратил во Франција, во тимот на Нант. Таму останал кратко и набрзо во месец јуни 2010 година го раскинал договорот и со овој клуб.[15]

Враќање во Партизан уреди

На 16 август 2010 година, по речиси два месеци тренинг со неговиот матичен клуб Партизан, Бабовиќ потпишал две годишен договор.[16] Тој за тимот во таа сезона постигнал осум гола во лигата за Црнобелите со што им помогнал да ја освојат својата четврта титула по ред. Во европските натпреварувања, Бабовиќ одиграл четири натпревари и тоа во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА. Но, сепак клубот завршил на дното на табелата како последна екипа во групата. Бабовиќпостигнал два гола на четири натпревари во Купот на Србија, помагајќи му на Партизан да го освои трофејот на крајот на натпреварувањето.

Во следната сезона 2011–12, Бабовиќ ја освоил својата втора последователна шампионска титула со Партизан, и исто така бил вторпат по ред во тимот на сезоната во српската Суперлига.

Сарагоса и Вождовац уреди

Во август 2012 година, Бабовиќ потпишал тригодишен договор со екипата на Сарагоса.[17] Првиот натпревар за новиот клуб го имал на16ти септември 2012 година во поразот од 0:2 против екипата на Реал Сосиедад. Во текот на сезоната 2012–13, Бабовиќ одиграл девет првенствени настапи, но на крајот од сезоната договорот со клубот бил поништен во 2013 година по испаѓањето на клубот на Сарагоса од Примера дивизион.[18]

На последниот ден од летниот преоден рок во 2013 година, Бабовиќ потпишал со екипата на Вождовац на слободен трансфер како слободен играч.[19] Тој одиграл 21 лигашки натпревар и постигнал вкупно три гола во сезоната 2013-14. На крајот на сезоната Вождовац завршил на 7та позиција на табелата. И покрај шпекулациите за трансфер во летото 2014 година, Бабовиќ на крајот останал во клубот и поминал уште шест месеци во него.

Трет ангажман во Партизан уреди

На 14 јануари 2015 година, Бабовиќ официјално се вратил во својот поранешен клуб Партизан. Тој потпишал тригодишен договор и го добил дресот со број 10, кој претходно го носел играчот кој си заминал од клубот, Исмаел Беко Фофана.[20] На 21 февруари 2015 година, Бабовиќ го одиграл својот прв натпревар во третото врќање во клубот играјќи цели 90 минути во домашното првенство против неговиот поранешен клуб Вождовац. Натпреварот завршил нерешено со резултат од 3:3. Тој го постигнал својот прв гол за клубот на 22 март 2015 година, во нерешениот резултат од 2:2 против екипата на Чукарички.[21] Бабовиќ одиграл вкупно 12 лигашки натпревари и постигнал два гола во вториот дел од сезоната 2014-15. На крајот клубот ја освоил титулата. На крајот на натпреварувањето бил именуван во најдобрите единаесет играчи во лигата поради неговите настапи во текот на целата сезона и за Вождовац и за Партизан.[22]

На 14 јули 2015 година, Бабовиќ го постигнал својот прв погодок во натпреварувањата на УЕФА, постигнувајќи гол од слободен удар за победа на неговиот тим со 1:0 над екипата на Дила Гори.[23] На 5 август 2015 година, Бабовиќ постигнал гол во победата на домашен терен со 4:2 над екипата на Стеауа од Букурешт.[24]

На 14 јануари 2016 година, Бабовиќ го раскинал договорот со екипата на Партизан со заедничка согласност.[25]

Репрезентација уреди

 
Бабовиќ (четврти од десно) се подготвува за репрезентацијата на Србија пред пријателскиот натпревар против Република Ирска во мај 2008 година

Поранешниот репрезентативец на Србија и Црна Гора до 17 и до 19 години, Бабовиќ бил замена на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 2006 година во Португалија. Сепак не биле искористени неговите можности. Тој бил најдобар стрелец на Србија за време на квалификациската фаза на УЕФА У21 во 2007 година. Два од неговите три гола биле постигнати во плеј-офот против репрезентацијта на Шведска.[26] Во летото 2007 година, Бабовиќ бил повикан во тимот од 23 играчи за завршниот турнир што се одржал во Холандија.[27] Србија го завршила турнирот како второпласирана репрезентација, губејќи со 1:4 од домаќините во финалето.

Откако се појавил на неофицијален пријателски натпревар против екипата на Баскија во декември 2006 година,[28] Бабовиќ во наредниот период, односно на 24 ноември 2007 година го одиграл својот прв натпревар за сениорската репрезентација под водство на тренерот Хавиер Клементе во квалификациите за УЕФА ЕВРО 2008 против екипата на Казахстан. Натпреварот завршил со победа на Србија од 1:0. Тој подоцна во 2008 година се појавил на три пријателски натпревари под водство на новоименуваниот тренер Мирослав Ѓукиќ.

Кариера по играње уреди

Во ноември 2017 година, Бабовиќ бил назначен за главен оперативен директор (ЦОО) на српската холдинг компанија Викторија Груп.[29]

Статистика уреди

Клуб уреди

Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Куп натревари Континентални натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Партизан 2003–04 4 0 0 0 0 0 4 0
2004–05 9 1 1 0 1 0 11 1
2005–06 23 3 2 0 2 0 27 3
Вкупно 36 4 3 0 3 0 42 4
ОФК Белград 2006–07 27 6 2 0 0 0 29 6
2007–08 15 3 0 0 15 3
Вкупно 42 9 2 0 0 0 44 9
Нант 2007–08 15 0 1 0 0 0 16 0
2008–09 15 0 1 0 0 0 16 0
2009–10 3 0 0 0 1 0 4 0
Вкупно 33 0 2 0 1 0 36 0
Фејенорд

(како позајмен играч)

2009–10 10 1 3 1 13 2
Партизан 2010–11 22 8 4 2 4 0 30 10
2011–12 29 4 4 1 5 0 38 5
2012–13 0 0 0 0 5 0 5 0
Вкупно 51 12 8 3 14 0 73 15
Сарагоса 2012–13 9 0 2 0 11 0
Вождовац 2013–14 21 3 1 0 22 3
2014–15 10 4 2 3 12 7
Вкупно 31 7 3 3 34 10
Партизан 2014–15 12 2 3 0 0 0 15 2
2015–16 14 3 2 0 11 2 27 5
Вкупно 26 5 5 0 11 2 42 7
Вкупно во кариерата 238 38 28 7 1 0 28 2 295 47

Меѓународна статистика уреди

Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија 2007 година 1 0
2008 година 3 0
Вкупно 4 0

Признанија уреди

Клуб уреди

Партизан

Меѓународни признанија уреди

Србија

Индивидуални признанија уреди

 

Наводи уреди

  1. Rellen, agricultuur en Feyenoord: de brute carrière van Stefan Babović vice.com
  2. „I mi decu za trku imamo“ (Serbian). partizan.rs. 18 March 2004. Посетено на 18 December 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска]
  3. „Kradljivac Ronaldovih driblinga“ (Serbian). glas-javnosti.rs. 28 March 2004. Посетено на 6 February 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Babović potpisao prvi ugovor“ (Serbian). partizan.rs. 8 January 2005. Посетено на 6 June 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска]
  5. „Stefan Babović napustio Partizan!“ (Serbian). partizan.rs. 8 August 2006. Архивирано од изворникот на 2020-09-03. Посетено на 30 May 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Babović:"Poštujem Zvezdu, ali nikada ne bih igrao u njoj" (Serbian). sportske.net. 28 May 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-30. Посетено на 30 May 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Babović potpisao za OFK Beograd“ (Serbian). mondo.rs. 9 August 2006. Посетено на 30 May 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Igram i uživam!“ (Serbian). novosti.rs. 15 October 2006. Посетено на 30 May 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „Lekip: Babović u Nantu“ (Serbian). b92.net. 13 December 2007. Посетено на 30 May 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „Babović: Transfer u Nant odličan potez“ (Serbian). mondo.rs. 15 December 2007. Посетено на 30 May 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. „Feyenoord capture Babovic“. skysports.com. 1 September 2009. Посетено на 30 May 2011.
  12. „Eredivisie: Ajax thrash Feyenoord in derby clash“. espnfc.com. 1 November 2009. Посетено на 2 November 2009.
  13. „Babovic banned for three games“. skysports.com. 6 November 2009. Посетено на 30 May 2011.
  14. „Feyenoord heeft geen plaats meer voor Babovic“ (Dutch). vi.nl. 2 June 2010. Посетено на 2 June 2010.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  15. 'Babovic en FC Nantes akkoord over verscheuren van verbintenis' (Dutch). voetbalzone.nl. 28 June 2010. Посетено на 30 May 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  16. „Babović se vratio u Partizan!“ (Serbian). partizan.rs. 16 August 2010. Посетено на 30 May 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска]
  17. „Babovic, nuevo jugador del Zaragoza“ (Spanish). marca.com. 27 August 2012. Посетено на 3 January 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  18. „Stefan Babovic rescinde su contrato con el Zaragoza“ (Spanish). as.com. 10 July 2013. Посетено на 26 August 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  19. „Babović potpisao za Voždovac“ (Serbian). sportal.rs. 3 September 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-21. Посетено на 16 October 2013.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  20. „Stefan Babović po treći put u Partizanu!“ (Serbian). partizan.rs. 14 January 2015. Посетено на 14 January 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  21. „Partizan iščupao bod protiv Čukaričkog (VIDEO)“ (Serbian). soskanal.net. 22 March 2015. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 10 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  22. „TIM SEZONE U SUPERLIGI: Čuka ima više igrača od večitih zajedno!“ (Serbian). mozzartsport.com. 25 May 2015. Посетено на 10 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  23. „Babirlo kao Pirlo: Dila izgorela u Humskoj! (VIDEO)“ (Serbian). mozzartsport.com. 14 July 2015. Посетено на 14 July 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  24. „Crno-bela čarobna noć: Partizan obezbedio evropsku jesen“ (Serbian). vesti-online.com. 5 August 2015. Посетено на 6 August 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  25. „Stefan Babović i Partizan sporazumno raskinuli ugovor“ (Serbian). partizan.rs. 14 January 2016. Посетено на 16 April 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  26. „Glorious Serbia are going Dutch“. uefa.com. 10 October 2006. Посетено на 6 June 2011.
  27. „Đukić odredio spisak za EP“ (Serbian). b92.net. 30 May 2007. Посетено на 6 June 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  28. „Debakl na kraju 2006“ (Serbian). politika.rs. 28 December 2006. Посетено на 14 January 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  29. „Stefan Babović, New Chief Operations Officer of Victoria Group“. victoriagroup.rs. 21 November 2017. Посетено на 26 October 2018.

Надворешни врски уреди