Стеван Трајков Калески

Стеван Трајков Калески — македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во ослободувањето на Македонија.[1]

Животопис уреди

Стеван Трајков Калески е роден во 1871 година во селото Долно Дивјаци, општина Крушево.

Во македонската револуционерна организација се приклучил рано. Во 1901 година работел во неговото село заедно со Јон Кушевски и Ставри Димитров (Ставре Димитријоски). Бил дел од четите на војводите Ѓурчин Наумов, Јордан Пиперката, Блаже Биринчето, Веле Марков, итн.[1]

Во септември 1904 година бил дел од четата на Ѓурчин Наумов, во времето кога Ѓурчин бил убиен од турскиот аскер.[1]

Во 1910 година од страна на Турците бил затворен во затворот во Битола, како учесник во борбите против Османлиското Царство.[1]

Во 1944 година заедно со Мате Доаѓа од Крушево ги помагал партизанските единици.[1]

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.