Статистичка единица

Статистичката единица (статистичка единка или статистички објект) е елемент на статистичкото множество, односно на популацијата.

Статистичка единица е основен елемент кај масовните појави коишто заедно ја формираат статистичката маса која се проучува.Статистичката единица е основен елемент кај собирање и подредување на податоците (на пример. Студентите на Економскиот факултет претставуваат маса, а секој поединечен студент е единица на масата).

Видови статистички единици уреди

  • Лицата како статистичка единица - лицата се едни од најчестите проучувани статистички единици (кога се истражуваат општествено-економските статистички податоци кадешто се јавуваат како побарувачи,производители и управувачи, исто така и во демографските статистички истражувања кадешто се јавуваат при утврдување на прираст на население, структура и број на жители).
  • Предмети како статистичка единица- предметите како статистички единици може да се јават кај разни истражувања поврзани со земјоделието - добиток,шумарство(листопадни,зимзелени дрва), машини итн., надворешна трговија- стоки за увоз/извоз,недвижнини-станбени згради,куќи; индустрија-производство на автомобили и др.
  • Претпријатијата како статистичка единица - во статистиката претпријатијата како единици може да се јават при проучување на стопанскиот живот во сите негови области. Како статистичка единица секогаш се наоѓа одделната организација во зависност од областа во која се проучува.
  • Други организациони единици во стопанството и организацијата.
  • Административни организациони форми во статистичките проучувања може да се најдат во истражување на правосудството, политиката и државната управа.
  • Настани како статистички единици што имаат масовен вид и последици- емиграција и имиграција, наталитет-морталитет, стапување во брак и развод, трансакции, вулкански ерупции.

Бројот на единиците при статистичките операции.

  • Статистичко истражување на масовна појава составена од хомогени единици (пр. Истражување на оценките по математика на студенти од економскиот факултет кадешто оценката по математика е единицата).
  • Статистичко оперирање со повеќе статистички маси т.е. разнородни единици (истовремено собирање податоци за повеќе масовни појави).

Белези на статистички единици уреди

Секоја статистичка единица има свој белег по кој таа се разликува од останатите единици. Тие можат да бидат: квалитативни (предметни и територијални) и квантитативни (временски и бројчени).

  • Квалитативни белези се белези кои ги објаснуваат единиците со помош на зборови.
    • Предметни белези одговараат на прашањето каква е статистичката единица (пол, образование, брачна состојба)
    • Територијални белези одговараат на прашањето каде. (пр. Местото на раѓање)
  • Квантитативни белези се белези кои се изразуваат со бројки.
    • Временски белези одговараат на прашањето кога? (пр. Година на раѓање на лицата).
    • Бројчени белези кои можат да бидат: прекинати ( земаат само ограничен број на вредности) и непрекинати ( може да земе неограничен бр вредности во ограничен или неограничен интервал на вредности).

Наводи уреди

  • д-р Борислав Благоев, д-р Славе Ристески, (1993) "Основи на статистичка анализа", Економски факултет, Скопје.

Поврзано уреди