Стар музикант - слика масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане од 1862 година, создадена во периодот кога уметникот бил под влијание на шпанската уметност. Сликата го издава и влијанието на Гистав Курбе. Ова дело е едно од најголемите слики на Мане и сега е зачувано во Националната уметничка галерија во Вашингтон.[1]

Стар музикант
Творец Едуар Мане
Година 1862
Димензии 187.4 см × 248.3 см
Место Национална уметничка галерија, Вашингтон

Сликата е составена од седум ликови во пејзаж. Стариот музикант во средината кој се подготвува да свири виолина е Жан Лагрен, водачот на еден локален цигански бенд.[2] Лево е една млада девојка која стои со бебе во рацете, како и две млади момчиња. Во позадина, човекот во горната капа е собирач на партали и железарот Коларде.[2] Десно, ориенталниот човек (делумно прикажан) со турбан и долга наметка, го претставува Герул, „залутаниот Евреин“. Ставовите и облеката на ликовите се чини дека се вдаховени од Диего Веласкес или Луј Ле На.[3][4]

Сликата содржи низа алузии: човекот со горната капа е истиот лик како Пијач на апсинт, насликан од Мане неколку години порано и кој повторно се појавува на оваа слика без некоја посебна причина. Младото момче со сламена шапка, пак, е експлицитно вдахнат од „Пјеро“ на Антоан Вато.[5]

Наводи

уреди
  1. „Collection - The Old Musician“. nga.cov. Посетено на 10 декември 2020.
  2. 2,0 2,1 „The Old Musician, 1862 by Edouard Manet“. manet.org. Посетено на 10 декември 2020.
  3. „Édouard Manet, les premières œuvres“ (француски). Van Gogh. Посетено на 10 декември 2020.
  4. „Édouard Manet (artist), French, 1832 - 1883, The Old Musician, 1862“. National Gallery of Art. Архивирано од изворникот на 2016-09-02. Посетено на 10 декември 2020.
  5. Blake & Frascina 1993.

Библиографија

уреди