Стар Чифлик

поранешно село во Костурско, Егејска Македонија

Стар Чифлик (грчки: Παλαιό Τσιφλίκι) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Стар Чифлик
Παλαιό Τσιφλίκι
Стар Чифлик is located in Грција
Стар Чифлик
Стар Чифлик
Местоположба во областа
Стар Чифлик во рамките на Костур (општина)
Стар Чифлик
Местоположба на Стар Чифлик во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°34′N 21°17′E / 40.567° СГШ; 21.283° ИГД / 40.567; 21.283
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Општ. единицаКостур
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓало околу 2 км од северниот брег на Костурското Езеро, јужно од селото Сетома.[1]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 90 жители Македонци.[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во селото Стар Чифлик имало 60 жители, сите Македонци.[3][4]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Стар Чифлик имало 144 Македонци под патријаршијата.[5][4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стар-Чифлик се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[6]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 8 жители.[1]

Во 1920 г. селото е запишано со 7 жители. Поради малобројноста на жителите, во натамошните пописи како населба не се споменува.[1]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 43.
  2. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-10.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.